Болидот на Ред Бул од аспект на аеродинамиката се смета за најсовршен
МЕНУВАЧ: Работата на менувачот е да ја пренесе силата на моторот до задните тркала на Ф1 болидот. Звоното на менувачот е зацврстено директно на задната страна на моторот и ги вклучува сите делови како и во обичните автомобили - менувач, диференцијал и погонски оски. Менувачот мора да има најмалку четири брзини и максимум седум брзини. Повеќето Ф1 болиди работат на менувач со седум брзини, плус рикверц. Звоното на менувачот е поврзано со диференцијал, кој дозволува задните тркала да вртат со различна брзина при кривините. Диференцијалот е поврзан со погонските оски, кои што ја пренесуваат силата на тркалата. Менувачот е секвенцијален и полуавтоматски. Менувањето на брзините во Ф1 се врши со помош на лопатки зад воланот. Намалувањето на брзините се врши на едната страна на воланот, зголемувањето од друга страна. Иако целосно автоматски системи за пренос на силата, вклучувајќи и софистицирани системи за старт се можни во Ф1 болидот, тие се нелегални. Ова помага во намалување на севкупните трошоци и им овозможува на возачите да ја користат својата вештина на менувањето брзини за да стекнат предност во трката.
АЕРОДИНАМИЧНОСТ: За Ф1 болидот аеродинамичноста е значајна, исто како што и моќта на неговиот мотор. Тоа е затоа што секое возило кое се движи со голема брзина мора да биде способно да направи две работи и тоа: намалување на отпорот на воздухот и да се зголеми силата на потисок (downforce). Ф1 болидите се ниски и широки за намалување на отпорот на воздухот. Додека крилата, дифузерот, наплатките на предните крила(end plates) и страничните спојлери (Barge board) го зголемуваат downforce-от.
* Крила на Ф1 болидите за прв пат се појавиле во 60-тите години, и работат на истиот принцип како и авионските крила, само во обратна насока. Додека на авионите им помагаат да се кренат во воздухот, крилата на Ф1 болидот ги држи цврсто залепени на асфалтот, особено за време на кривина. Аголот на предното и задното крило може фино да се подесува и приспособи за да се добие идеална рамнотежа помеѓу отпорот на воздухот и downforce-от.
* Дифузерот е откриен од страна на инженерите на Лотус, во 70-тите години. Тие увиделе дека Ф1 болидот може да се однесува како едно огромна крило. Користејќи уникатен дизајн на подот, тие беа во можност да го извлекуваат воздухот од под болидот, создавајќи област на низок притисок што дополнително го "шмука" болидот надолу. Овие сили беа забранети и регулирани со строги прописи за дизајнот на подот на болидот. Така денес подот на болидот мора да биде рамен од носот до задната погонска оска. Зад таа линија, инженери имаат слободен простор за маневар. Револуција во таа област донесе Адриан Њуи, употребувајќи го двојниот дифузер во болидот на Ред Бул. Кога по долги дебати и процени беше кажано дека е во склад со Ф1 техничките прописи, повеќето, т.е. сите тимови го вклучија во својот болид. Уред се наоѓа токму под моторот и менувачот, каде создава ефект на вшмукување и го префрла воздухот до задниот дел на болидот. Подоцна и оваа алатка на инженерите е забранета. Но тие и понатаму продолжуваат со нови пронајдоци, кои се од голема помош за брзината и стабилноста на болидот. Аеродинамичноста е област каде во последно време кој е подобар, тој и ги зема Шампионските Титули.
Голем дел од аеродинамиката се занимава со "приморување" на воздушните струи да се движат, каде што дизајнерот сака да се движат.
*Endplates се мали, наплатки на краевите од предните крила кои помагаат да се "грабне" воздухот од пред тркалата и да се пренасочи по страна на болидот.
*Страничните спојлери, лоцирани веднаш позади предните тркала, го земаат воздухот од таму, го забрзуваат со цел создавањена на уште повеќе downforce.
Како резултат на сето ова, аеродинамиката на целокупниот болид создава downforce од околу 2500 килограми. Тоа е повеќе од четири пати од тежината на самиот болид.
СЛЕДНО: БОЛИДОТ НА ФОРМУЛА 1 - АМОРТИЗАЦИЈА И ОСТАНАТИ СИСТЕМИ