2013 МАЛЕЗИЈА ГП: ВЕТЕЛ СЕ ИЗВИНИ ШТО ПОБЕДИЛ
3/24/2013 01:18:00 PM
0
Себастијан Ветел на крај се извини на тимскиот колега Марк Вебер што Победил. Дали верувате во ова што се случува... Да се извинуваш дека си Победил?!? Каде оди Формула 1 Шампионатот. Веќе е претерано од се... Марк Вебер ја предводеше трката по излезот од последниот пит-стоп, при што во Ред Бул било договорено возачите да ги одржуваат своите позиции на патеката, за да се штедат моторите и гумите, но Ветел се одлучи да нападне и ја обезбеди својата прва победа оваа 2013 сезона.
"На крајот чувствував дека имам силно темпо на новиот сет на медиум гуми, имав малку повеќе брзина и тоа беше тесна борба, но јас направив голема грешка денес. Ние требаше да останеме на позициите што ги имавме при излегувањето од боксот. Јас не го игнорирав тимот, но "оплескав" денес во таа ситуација. Јас го презедов водството од Марк, кој можам да видам дека е прилично вознемирен, но јас сакам да бидам искрен и да се држам до вистината, и да се извинам. Презедов доста голем ризик кога го поминував, и јас требаше да се однесувам подобро. Тоа не помага за неговите чувства во моментов. Се извинувам на Марк, но тоа е што е, но на сите можам да им кажам дека тоа не го направив намерно."
Но тоа не беше се денес...
Share to other apps