Ден кога вторите возачи беа побрзи од првите!!!
Фелипе Маса го забележа најбрзото време на петочните тренинзи за Големата Награда на Кина.
Ова беше ден кога вторите возачи ги покажаа своите квалитети, Маса повторно побрз од Алонсо, Розберг од Хамилтон, Вебер од Ветел, но... Се е ова тренинг, што најверојатно не може да се повтори во трка. Единствено не сме сигурни за тимот на Ред Бул, по случувањата од минатата трка и изјавите на Хелмут Марко дека за нив тимските наредби се завршени, но и да не беше така не се знае колку Вебер е "смирен".Нико Розберг со Мерцедес АМГ го имаше најбрзото време на првиот тренинг, кога возачите ги користеа медиум гумите, а Ферари со Фелипе Маса го имаше најбрзото време на денот поставено на вториот тренинг со меките гуми на Пирели. Жил Бјанки, возачот на Марусија, повторно се истакна со исклучителни перформанси, и во еден момент беше 11-ти најбрз на меките гуми. Најбрзото време на Маса е близу до времето што беше доволно за Пол позицијата на минатогодишната трка. Дали оваа форма на Маса и Ферари е "genuine" ќе дознаеме веќе утре на Квалификациите кои започнуваат во 8 часот.
Кими Раиконен го постави второто најбрзо време на првиот ден, а Роман Грожан беше попречен во својот брз круг употребувајќи ги меките гуми, па го заврши вториот тренинг само со дванаесеттото најбрзо време. Од тимот на Лотус велат дека Французинот имал за задача да изврши компаративна анализа на работата на најновиот издувен систем и ново предно крило, додека Кими испробувал нови аеро делови на задниот дел од подот на болидот.
Формата на Ред Бул најдобро може да ја опишеме со изјавата на Себастијан Ветел: "Ова беше незгоден ден за нас. Во попладневниот тренинг болидот не се однесуваше како треба и разликата со момците од врвот е малку поголема отколку што би сакале. Постојат две или три работи што треба да ги средиме, а потоа треба да бидеме во подобра форма за утре. Јас мислам дека ние знаеме што треба да направиме. Изгледа дека меките гуми се за брзи времиња во квалификациите, но се чини дека ние нема да видиме многу стинтови на нив во текот на трката."
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Фелипе Маса Ферари 1:35.340 32
2. Кими Раиконен Лотус 1:35.492 + 0.152 32
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:35.755 + 0.415 30
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:35.819 + 0.479 35
5. Марк Вебер Ред Бул 1:36.092 + 0.752 31
6. Џенсон Батон Мекларен 1:36.432 + 1.092 29
7. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:36.496 + 1.156 39
8. Адријан Сутил Форс Индија 1:36.514 + 1.174 32
9. Пол ди Реста Форс Индија 1:36.595 + 1.255 33
10. Себастијан Ветел Ред Бул 1:36.791 + 1.451 27
11. Серџо Перез Мекларен 1:36.940 + 1.600 16
12. Роман Грожан Лотус 1:36.963 + 1.623 31
13. Естебан Гутиерез Заубер 1:37.103 + 1.763 22
14. Даниел Рикардо Торо Росо 1:37.206 + 1.866 39
15. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:38.127 + 2.787 34
16. Валтери Ботас Вилијамс 1:38.185 + 2.845 18
17. Нико Хулкенберг Заубер 1:38.211 + 2.871 32
18. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:38.276 + 2.936 34
19. Жил Бјанки Марусија 1:38.725 + 3.385 29
20. Гидо ван дер Гард Катерам 1:39.271 + 3.931 21
21. Чарлс Пик Катерам 1:39.814 + 4.474 27
22. Макс Чилтон Марусија 1:43.227 + 7.887 5
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:36.717 21
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:37.171 + 0.454 20
3. Марк Вебер Ред Бул 1:37.658 + 0.941 21
4. Себастијан Ветел Ред Бул 1:37.942 + 1.225 20
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:37.965 + 1.248 17
6. Џенсон Батон Мекларен 1:38.069 + 1.352 24
7. Фелипе Маса Ферари 1:38.095 + 1.378 14
8. Адријан Сутил Форс Индија 1:38.125 + 1.408 21
9. Роман Грожан Лотус 1:38.398 + 1.681 17
10. Пол ди Реста Форс Индија 1:38.561 + 1.844 15
11. Кими Раиконен Лотус 1:38.790 + 2.073 16
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:39.057 + 2.340 19
13. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:39.158 + 2.441 22
14. Нико Хулкенберг Заубер 1:39.180 + 2.463 21
15. Даниел Рикардо Торо Росо 1:39.336 + 2.619 19
16. Серџо Перез Мекларен 1:39.360 + 2.643 20
17. Валтери Ботас Вилијамс 1:39.392 + 2.675 20
18. Естебан Гутиерез Заубер 1:40.032 + 3.315 22
19. Жил Бјанки Марусија 1:41.966 + 5.249 16
20. Макс Чилтон Марусија 1:42.056 + 5.339 18
21. Гидо ван дер Гард Катерам 1:42.083 + 5.366 21
22. Ма Кинг Хуа Катерам 1:43.545 + 6.828 20