Доминантна Победа на Себастијан!!!
Себастијан Ветел со доминатно и недостижно темпо за сите останати болиди на Шакир стигна до својата втора победа оваа сезона. Дежа ву на 2012 подиумот, повторно Кими Раиконен и Роман Грожан на второ и трето место.Борбата за првото место се одвиваше само во почетните неколку круга. Нико Розберг ја поведе трката, а Ветел прво беше во битка со Фернандо Алонсо за второто место, кое накратко го загуби, а кога го реши Шпанецот, многу полесно се справи со болидот на Мерцедес АМГ. Веднаш штом го превзеде водството во третиот круг, започна со доминатно и недостижно темпо. Единствено Алонсо изгледаше дека ги има вистинските перформанси , за да биде неговиот најблизок ривал, но неговата трка беше уништена кога неговиот ДРС-систем остана отворен и не сакаше да се затвори по поминувањето на Германецот. Тој мораше да влезе порано во пит-стоп за да го поправат, но проблемот повторно се појави следниот пат кога го искористи и тој мораше уште еднаш во бокс, притоа паѓајќи дури на 17-тото место во деветиот круг. На крај успеа да стигне до 8-мото место без употреба на ДРС-от за можеби на крај од сезоната важни 4 поени.
Со Алонсо надвор од конкуренција, борбата се водеше за второто место помеѓу ди Реста и Раиконен. Британецот изгледаше како да е во подобра позиција во пресрет на последниот пит-стоп кога Раиконен влезе порано во боксовите, но тоа пак му овозможи да изгради предност на неговите нови гуми, за сигурно второ место. Двајцата успеаа да ги изменаџираат своите гуми само со две застанувања во боксовите во ден кога некои возачи како Нико Розберг и Џенсон Батон им требааа дури четири промени на гумите.
На крај Пол ди Реста беше поминат и од Роман Грожан, кој беше со три застанувања, и многу посвежи гуми при крајот на трката. Британецот мораше да се задоволи со четвртото место, што е најдобриот пласман во неговата кариера. Луис Хамилтон закрепна по казната од квалификациите заврши на петтото место, но имаше интересна битка со Марк Вебер во последните кругови, кога и двајцата ги менуваа нивните моментални позиции на патеката. На крај Вебер ја загуби битката, а потоа во последниот круг беше претекнат и од Серџо Перез, кој имаше премногу агресивна борба со Алонсо, кого го истера надвор од патеката, но истото тоа пак му беше направено и од тимскиот колега Џенсон Батон.
Нико Розберг и Џенсон Батон по четирите посети на механичарите за промена на гуми не можеа ништо подобро од деветтото т.е десеттото место.
Голема Награда на Бахреин, Шакир
57 круга, 308.405км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1ч36:26.945
2. Кими Раиконен Лотус + 9.100
3. Роман Грожан Лотус + 19.500
4. Пол ди Реста Форс Индија + 21.700
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 35.200
6. Серџо Перез Мекларен + 35.900
7. Марк Вебер Ред Бул + 37.200
8. Фернандо Алонсо Ферари + 37.500
9. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 41.100
10. Џенсон Батон Мекларен + 46.600
11. Пастор Малдонадо Вилијамс + 1:06.400
12. Нико Хулкенберг Заубер + 1:12.900
13. Адријан Сутил Форс Индија + 1:16.700
14. Валтери Ботас Вилијамс + 1:21.500
15. Фелипе Маса Ферари + 1:26.300
16. Даниел Рикардо Торо Росо + 1 круг
17. Чарлс Пик Катерам + 1 круг
18. Естебан Гутиерез Заубер + 1 круг
19. Жил Бјанки Марусија + 1 круг
20. Макс Чилтон Марусија + 1 круг
21. Гидо ван дер Гард Катерам + 2 круга
НАЈБРЗ КРУГ: Себастијан Ветел - 1:36.961
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При круг
Жан-Ерик Верне Торо Росо 16
Генерален пласман по 3 трки:
Возачи: Конструктори:
1. С.Ветел 77 1. Ред Бул 109
2. К.Раиконен 67 2. Лотус 93
3. Л.Хамилтон 50 3. Ферари 77
4. Ф.Алонсо 47 4. Mercedes 64
5. М.Вебер 32 5. Форс Индија 26
6. Ф.Маса 30 6. Мекларен 23
7. Р.Грожан 26 7. Торо Росо 7
8. П.ди Реста 20 8. Заубер 5
9. Н.Розберг 14
10. Џ.Батон 13
11. С.Перез 10
12. Д.Рикардо 6
13. А.Сутил 6
14. Н.Хулкенберг 5
15. Ж.Верн 1