FIA rules!!!
ФИА го објави соопштение со реакција на денешните приговори, официјализирани од тимот на Ред Бул, за тестовите на Пирели кои биле спроведени со помош на овогодинешниот болид на Мерцедес АМГ во Барселона пред 2 недели."Во рамките на договорот што Пирели има со ФИА, како единствен снабдувач, постои одредба со која нив им се дозволува да спроведат до 1000км на тестирање со било кој тим, под услов на секој тим да му се понуди истата можност да го стори тоа. Пирели и Мерцедес АМГ беа советувани од страна на ФИА дека таквиот тест за равој на гумите може да се спроведе од страна на Пирели, со тим кој ќе обезбеди болид и возач, и дека таквиот тест ќе биде условен со тоа ако биде дадена истата можност на сите тимови."
"По оваа комуникација, ФИА не доби дополнителни информации во врска со било каков можен тест од Пирели или од Мерцедес АМГ. Понатаму, ФИА не доби никаква потврда дека на сите тимови им се дала можност да учествуваат во овој тест. ФИА може да го изнесе предметот пред Меѓународниот трибунал за прекршување на спортскиот кодекс на однесување."
Во своја одбрана Пирели вели дека нивните постојани барања за помош од тимовите останале без резултат, бидејќи тимовите биле фокусирани повеќе на развој на нивните болиди, отколку што мислеле на развојот на гумите.
Во суштина, ФИА сега ќе треба да одлучи дали Пирели или Мерцедес АМГ можат да докажат дека им е дадено зелено светло за тестирање на начин на кој што тоа го направија. Ако не успеат во тоа двете страни може да се соочат казни кои се движат од парични износи до исклучување од овој спорт.