ТЕСТОВИ ЗА РАЗВОЈ НА 2014 ГУМИТЕ БЕА ПОНУДЕНИ НА СИТЕ ТИМОВИ: БЕЗ ФАВОРИЗИРАЊЕ.
Тест сесијата беше спроведена во согласност со договорот меѓу Пирели и ФИА, кој дава можност за снабдувачот за спроведување на тестови за развој на гумите со секој тим, до 1.000 километри, без наведување кој тип на болид да се користи, ниту пак санкционирање на тимот. Во овој поглед, Пирели од 2010 година јасно стави до знаење дека не е ниту можно, ниту корисно да се спроведува овој тип на тест со сите тимови истовремено. Всушност, овој тип на тестирање во насока на технолошкиот развој и истражување на нови решенија, вклучува многу видови на различни гуми кои мора да се тестираат со еден болид во исто време. Тестирањето на гуми кои ќе се користат во дадениот шампионат е сосема поразлично, а тоа сега се одвива на зимските тест сесии, со учество на сите тимови, со цел да се најде задоволувачко решение за сите болиди во конкуренција. Пирели, исто така, инсистира на потребата за зимските тест сесии да се одвиваат во исти временски услови, како што се одвива и шампионатот т.е. места со повисока амбиентална температура. Веќе од Март 2012 година, Пирели има испратено дописи до сите тимови, ФИА и ФОМ, поканувајќи ги тимовите за учество во тестирањето за развој на гумите за 2013 година. Понатаму, од Пирели објаснуваат дека е потребно да се спроведат тестови со болиди на тимовите поради тоа што тие немаат соодветен сопствен болид.
ТЕСТИРАЊЕТО СПРОВЕДЕНО ВО БАРСЕЛОНА БЕШЕ ЗА РАЗВОЈ НА 2014 ГУМИТЕ, А НЕ ЗА ИЗМЕНИТЕ НА 2013 ГУМИТЕ.
Овој тест, како и секогаш, се изврши со гуми кои никогаш нема да се користат во шампионатот, сега или подоцна за време на 2013 сезона. Мерцедес АМГ немаше информации за тоа кои спецификации биле тестирани или за целта на тестирањето, ниту пак тие добиваа било какви повратни информации. Понатаму, тестови не беа во врска со појавената деламентација на гумите, а тој проблемот беше третиран, и решен од страна на техничарите на Пирели преку лабораториски тестови, со поддршка од податоците собрани во текот на првите трки од сезоната. Пирели секогаш од тимовите бара болид што е конкурентен т.е со споредливи перформанси на болидите што се користат во тековниот шампионат, без условувања дека тоа треба да биде болид што се користи во 2013 трките.
2013 МЕРЦЕДЕС АМГ БОЛИДОТ ВО БАРСЕЛОНА БЕШЕ ПРЕДМЕТ НА ДИСКУСИЈА ПОМЕЃУ ТИМОТ И ФИА. ПИРЕЛИ НЕМАШЕ НИКАКВИ БАРАЊА ОКОЛУ ТОА И НЕМА НАЧИН ДА ЗНАЕШЕ ДАЛИ СЕ ПРЕКРШЕНИ НЕКОИ ПРАВИЛА.
Тестот во Барселона беше спроведен во соработка со Мерцедес АМГ помеѓу 15 Мај и 17 мај 2013 година. Тимот стави на располагање еден болид и двата први возачи, кои наизменично се менуваа зад воланот во различни денови. Испитувањата беа направени со база на соединенија, кои не се во употреба оваа година, и 12 различни структури кои никогаш не биле користени во 2013 година, од кои само една со кевлар. Типот на болидот кој се користеше за време на тестовите беше предмет на директна дискусија помеѓу Мерцедес АМГ и ФИА, како што може да се види од размената на дописи меѓу тимот и Пирели. Особено, Мерцедес АМГ го информирал Пирели дека нивниот 2011 болид не може да се користи и дека веќе контактирале со ФИА во однос на употребата на 2013 болидот. Пирели беше исклучен од решавањето кој болид да се користи, иако секогаш се залагаат за што поконкурентен болид.
ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИТЕ ГУМИ ЗА КАНАДА ГП-то, ДОСЕГА НИКОГАШ НЕ СЕ КОРИСТЕНИ.
Експерименталните гуми со структура изработена со кевлар, кои ќе им бидат дадени на тимовите за слободните тренинзи во Монтреал за прв пат ќе бидат тестирани во пракса по лабораторискиот развој. Новите гуми имаат за цел надминување на проблемот со деламентација(раслојување). Овој феномен на никој начин не влијае на безбедноста на возачите, но претставува ризик за нарушување на имиџот на компанијата. Во Канада, тимовите ќе имаат можност да ги искажат своите мислења и да дадат свои размислувања.
БЕЗ ПРОМЕНИ ВО "ВРЕМЕТРАЕЊЕТО" НА 2013 ГУМИТЕ.
Пирели е подготвен за да се направат промени во секој момент, но не направи модификации кои би имале ефект врз траењето на гумите и, следствено, на бројот на пит-стоповите во текот на трката, поради недостаток на едногласност меѓу тимовите.
ТАЈНИ ТЕСТИРАЊА: ПИРЕЛИ СО ОДГОВОР НА ФИА
5/31/2013 03:30:00 PM
0
Tags
Share to other apps