Марусија Ф1 е последниот тим кој ни го презентираше својот 2014 болид на 3-от тест ден во Херез. MR03 е дизајнерски одговор на драматичните и далекусежни промени на техничките промени за 2014 година, од кои најзначајно е заминувањето на атмосферските мотори кои преовладуваа во овој мотоспорт од 1988 година, во корист на нови хибридни погонски единици, чија технологија треба да најде поголема примена кај обичните автомобили.
Процесот на зачнување на MR03 започнал во почетокот на 2012 година кога една мала група на инженери ја нацртаа првата шасија според 2014 спецификацииите. 12 месеци подоцна, кога технички регулативи за 2014 почнаа да го добиваат конечниот изглед, и потврденото партнерство со Ферари, процесот на изработка добил поголеми размери, паралелно со развојот на MR02.
Степен на еволуција помеѓу 2013 и 2014 болидите најдобро може да се окарактеризира со фактот дека, од 11.212 компоненти кои го сочинувале MR02, само мал број можеле да се вклопат во тековниот MR03.
2014 БОЛИДИ: МАРУСИЈА MR03 - ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЕВОЛУЦИЈАТА
1/31/2014 11:37:00 PM
Share to other apps