Исак Хаџар ќе дебитира во Формула 1 во 2025 година и ќе го стори тоа во тимот на Рејсинг Булс, поранешен Торо Росо, АлфаТаури, РБ.
Младиот Французин со Алжирско потекло, на 20 години, го прави скокот во Формула 1 шампионатот, по забележителниот период во пониските категории. Тој ќе биде петтиот тимски колега на Јуки Цунода во тимот од Фаенца.
Исак Хаџар е последниот возач со кој се комплетираше возачката постава за 2025 година во Формула 1 шампионат.
Французинот ќе биде шесттиот дебитант, е сега поимот дебитант добива ново значење, па сега тој се однесува за возач кој се уште не започнал и/или завршил цела Ф1 сезона, по Габриел Бортолето, Андреа Кими Антонели, Оливер Берман, Џек Дуан и Лиам Лосон, кои ги познава од пониските категории.
Исак Хаџар стана познат во 2022 година, по брилијантната Формула 3 сезона со Хајтек, во која се бореше за титулата до последната трка. Минатата година, неговото деби во Формула 2 не беше најдобро, но во 2024 година, како возач на Кампос Рејсинг, имаше одлични перформанси што го привлече вниманието на Ред Бул.
Раководството на Ред Бул продолжи да му верува на Хаџар по тешката 2023 година и Французинот ја возврати оваа доверба со одлична година во Формула 2. Вицешампионската позиција во Ф2 му донесе место во Формула 1, кое остана испразнето по префрлањето на Лиам Лосон во првиот тим.
Исак Хаџар: "Многу сум возбуден што ќе се натпреварувам во тимот на Рејсинг Булс, тоа е неверојатно за мене, за моето семејство и за сите оние луѓе кои веруваа во мене од самиот почеток."
"Да се биде во Формула 1 е моментот за кој работев за целиот мој живот, мојот сон. Сега, пристигнувам во нов универзум, возејќи многу побрзи болиди и соочувајќи се со најдобрите возачи во светот."
Необично е што Хаџар ќе биде возач на Рејсинг Булс без да го проба овогодинешниот болид на ниту една официјална сесија. Французинот настапуваше во болидот на Ред Бул. На овој начин се комплетира Формула 1 гридот за 2025 година.
2025 година ќе биде последната сезона од сегашните технички прописи пред да се влезе во нова ера.
Априори, работите не треба драстично да се менуваат и затоа е предвидливо дека најбрзите тимови ќе продолжат да бидат Мекларен, Ферари, Ред Бул и Мерцедес АМГ.
Така, Ред Бул, во потрага по враќањето на шампионската титула, се обложи на Лиам Лосон да го придружува Макс Ферстапен во првиот тим.
Младиот Новозеланѓанец остави добар белег во РБ. И на трките на кои настапи во 2023 година и на трките на кои учествуваше оваа година, неговиот настап е подеднаков со оној на неговиот тимски колега Јуки Цунода.
Јапонецот од своја страна веќе четири години е во РБ и никогаш не покажал ништо посебно во неговите перформанси. Иако минатиот вторник го тестираше RB20 во Јас Марина, Ред Бул одлучи да го задржи во вториот тим.
Можеби немаа избор, но Ред Бул се обложија на нивната младинска генерација на возачи. Дали тоа ќе донесе резултати, ќе дознаеме со почетокот на новата сезона.
Иднината на Јуки Цунода е неизвесна. Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, призна дека можеби е дојдено време да го пуштат Јуки Цунода да си замине. Британецот е свесен дека доколку Јапонецот нема можност во текот на 2025 година, најдоброто нешто за двете страни би било да ги раздвојат патиштата.
И покрај неговиот напредок во текот на неговите четири години како возач на РБ/АлфаТаури, Ред Бул не веруваат премногу во можностите на Цунода. 2025 година ќе биде петта година за Цунода во Б тимот на Ред Бул и тој ќе стане возач со најмногу комплетирани трки со тимот од Фаенца.
Кристијан Хорнер: "Сфаќаме дека ако не можеме да му дадеме шанса на Јуки оваа година, дали има смисла да го задржиме? Не можете да имате возач во Б тимот пет години, во одреден момент ќе мора да го пуштиме или да направиме нешто поинаку."
Актуелниот договор на Цунода истекува на крајот од 2025 година, кога истекува и договорот со Хонда. Дебито на Јапонецот во Формула 1 беше по нивно инсистирање, а од 2026 тие започнуваат нова ера со тимот на Астон Мартин и тоа исто така може да има влијание врз иднината на возачот.
Во секој случај, Хорнер објави дека Цунода во новата сезона ќе настапи со цврсто убедување да докаже дека Ред Бул не е во право. Тоа ќе биде многу важна година за Јапонецот, во која нема да има многу отворени врати од другите тимови и за да се отворат ќе треба да биде на своето најдобро ниво од почеток.
"Разговарав со Јуки и тој ми кажа дека уживал во тестот на РБ20, а неговата мотивација беше да покаже дека го сака тоа место. Се надеваме дека Рејсинг Булс ќе направат чекор напред следната година, тие ќе ги користат менувачот и амортизацијата на Ред Бул, и други делови што се дозволени со правилата."
"Кој би помислил, пред девет месеци, дека сега ќе дискутираме за Лиам Лосон како возач на Ред Бул? Работите брзо се менуваат во оваа индустрија и Јуки е свесен за тоа. Тој знае дека треба да се покаже, дека тој е тој што ги создава своите можности."
РЕД БУЛ РЕШИ ДА СЕ ПОТПРЕ НА СВОЈАТА МЛАДИСКА АКАДЕМИЈА
12/20/2024 01:30:00 PM
0
Share to other apps