Макс Ферстапен е избран за најдобар возач на годината од веројатно најинформираното жири, кое го сочинуваат десетте тимски шефови.
На барање на официјалната веб-страница на шампионатот, челниците на тимовите предадоа листи со, според нив, најдобрите десет возачи на крајот од 2024 сезоната.
Тимските шефови немаа ни малку двоумење на оваа тема. Одлуката беше донесена едносласно!
Алесандро Брави (Заубер), Кристијан Хорнер (Ред Бул), Ајао Комацу (Хас), Мајк Крак (Астон Мартин), Лоран Мекис (РБ), Оливер Оукс (Алпин), Андреа Стела (Мекларен), Фред Васер (Ферари), Џејмс Воулс (Вилијамс) и Тото Волф (Мерцедес АМГ) сите се одлучија за Макс Ферстапен на врвот на нивните листи.
Ова е прв пат по седум години да има едногласност и четврти пат по ред Макс да се најде на врвот на рангирањето.
Изборниот систем е ист како минатата година. Секој тимски шеф одбира 10 возачи, кои ги добиваат истите поени како што се доделуваат на Ф1 трките 25, 18, 15, 12 итн. и се добива конечниот пласман.
Ландо Норис заврши на второто место, една позиција погоре во однос на минатата година, и заостанува 72 поени од Ферстапен, а Чарлс Леклер го комплетираше подиумот.
Оскар Пјастри, кој со Норис ја прослави првата шампионска титула за Мекларен, се искачи за три позиции и се наоѓа на четвртото место во оваа акета.
Карлос Саинц Јр. се најде на петтото место во неговата четврта и последна сезона за Ферари, пред преселбата во Вилијамс, додека Џорџ Расел напредуваше три места до шестото место.
Тимскиот колега на Расел од Мерцедес АМГ, Хамилтон, беше седми, две места подолу од минатата година.
Нико Хулкенберг се избори за пласман на 8-то место, по извонредната сезона за Хас. Германецот привлече гласови од девет од 10-те тимски шефови.
Фернандо Алонсо беше најголемиот губитник, бидејќи падна седум позиции на 9-тото место по многу предизвикувачката сезона за Астон Мартин, додека Пјер Гасли го комплетираше Топ 10 поредокот.
ТИМСКИТЕ ШЕФОВИ ЕДНОГЛАСНИ ВО ИЗБОРОТ НА НАЈДОБРИОТ ВОЗАЧ
12/22/2024 03:10:00 PM
0
Share to other apps