Оскар Пјастри го победи Макс Ферстапен на трката за Големата Награда на Саудиска Арабија, со што ја забележа својата петта победа во Формула 1.
Холанѓанецот ги надмина границите на патеката додека се бранеше од Австралиецот во првиот свиок од трката и доби казна која се покажа како одлучувачка за исходот на трката.
Чарлс Леклер го комплетираше подиумот, а Ландо Норис од П10 се искачи на четвртото место.
Исходот од трката практично беше решен уште во првиот свиок. Оскар Пјастри подобро стартуваше од Макс Ферстапен и ја имаше предноста во првиот свиок, но Холанѓанецот не попушта така лесно, па мораше да оди надвор од патеката, скратувајќи го вториот свиок по што повторно излезе пред болидот на Мекларен.
Макс потоа одби да се откаже од позицијата и беше казнет со пет секунди, поради што го загуби првото место по промената на гуми. Оттогаш, Оскар Пјастри ја имаше трката во свои раце и извозе без нити една грешка до крајот.
Петта победа за возачот на Мекларен во Формула 1 и сега е лидер во шампионатот за возачи, претекнувајќи го Ландо Норис, кој денеска имаше т.н. трка за намалување на штетата направена во квалификациите.
Со посвежи и побрзи гуми стигна до Ферарито на Чарлс Леклер, но не успеа да добие шанса за напад на победничкиот подиум.
Зад овие четворица, Џорџ Расел заврши на петтото место, а Кими Антонели, држејќи го Луис Хамилтон зад себе, заврши шести.
Карлос Саинц Јр. беше најдобриот од останатите со одлична трка, не само што заврши осми, туку и му овозможи на Алекс Албон да го задржи Исак Хаџар и да заврши деветти. Тука завршува поредокот кој носи поени.
Петта трка од 2025 сезоната во Формула 1 беше Големата Награда на Саудиска Арабија. Макс Ферстапен ја освои Пол позицијата, додека Ландо Норис го искрши својот Мекларен.
Асфалтот денеска беше потопол од вчера, со температура од 38 степени, но и покрај чекор помеките смеши номинирани од Пирели стратегијата со едно застанување беше прогнозирана како најдобра за трката.
Стартот на Макс Ферстапен не беше добар и тоа доведе Оскар Пјастри да биде покрај него во спринтот до првиот свиок.
Холанѓанецот се обиде да остане понапред од надворешната страна, но немаше место за два болиди и мораше да излезе надовор од патеката и го скрати вториот свиок.
Со тоа остана на првото место, па трката ја започнавме со контроверзии. Двата тима мислеа дека се во право, па одлуката беше на стјуардите.
Во не толку далечното минато инцидентите во првиот свиок беа истражувани само доколку има поголем судир, но сега живееме во други времиња.
Тоа беше така зошто никој не ризикуваше да нападне и со тоа не лишуваа од добри битки за водството по првиот свиок. По се изгледа се враќаме кон тоа време.
Најдобрите пет ги задржаа своите места, при што Луис Хамилтон го мина Карлос Саинц Јр. за шестото место.
Подолу во поредокот, имавме судир помеѓу Пјер Гасли и Јуки Цунода, по што излезе безбедносно возило. Двајцата возачи беа добро, но трката за нив беше завршена.
Трката беше рестартирана од четвртиот круг. Макс Ферстапен ја одбрани првата позиција, но по неколку свиоци стјуардите донесоа одлука тој да биде казнет со пет секунди за добивање предност надвор од патеката.
Како што претходно кажавме овие инциденти беа толерирани неколку години наназад, и се променија некаде од последната третина од минатогодишниот шампионат.
Кога веќе доделија казна, таа требаше да биде 10 секунди за овој тип прекршок, но повторно со соломонско решение, таа беше 5 секунди затоа што битката беше во првиот свиок по стартот.
Што и да кажеме за ова ќе биде протолкувано погрешно или од фановите на Макс, или пак од неговите хејтери.
Макс не можеше да избега повеќе од секунда пред моќниот Мекларен, но Австралиецот не можеше да се избори за ситуација за напад. На почетокот на седмиот круг, Ландо Норис го престигна Карлос Саинц Јр. во првиот свиок.
До десеттиот круг на градската патека во Џеда немаше промени во предниот дел. Ферстапен го имаше Пиастри зад себе во околу една секунда разлика, но и казна од 5 секунди.
Џорџ Расел веќе заостануваше речиси четири секунди, а Леклер повеќе од шест. Антонели, на петтото место се држеше пред Хамилтон и Норис веднаш зад него. Саинц, на осмото место како најдобар од останатите пред Албон, Хаџар и Алонсо.
Ландо Норис го стигна Ферарито на Луис Хамилтон во 12-от круг и тие имаа одлична битка, во која неколку пати си ги сменија местата. По три круга, Ландо го избра вистинскиот начин за претекнување, чекајќи да нападне на стартно-целниот правец за да го претекне возачот на Ферари.
Макс Ферстапен при крајот на првиот стинт успеа да ја зголеми својата предност пред Оскар Пјастри.
И покрај вообичаено добрата деградација на Мекларен, Холанѓанецот успеа да создаде повеќе од две и пол секунди додека трката се приближуваше до дваесеттиот круг, додека Расел веќе заостануваше повеќе од осум секунди.
Пит-стоповите не беа премногу далеку, а во 19-от круг Норис лесно го престигна Антонели.
Први се решија да реагираат од гаражите на Оскар Пјастри и Кими Антонели во 20-от круг. Џорџ Расел влезе во боксот во 21-от круг, а Макс Ферстапен чекаше до 22-от круг, излегувајќи зад Оскар Пјастри и Луис Хамилтон.
Откако Луис Хамилтон замина по нови гуми, Ферстапен имаше заостанување од четири секунди зад Оскар Пјастри. Чарлс Леклер остана на патеката во водство следен од Ландо Норис на белите пневматици.
Моначанецот со добро темпо чекаше до 30-от круг за да излезе безбедносно возило, по што водството го предаде на Ландо Норис. Британецот имаше предност од повеќе од три секунди пред Оскар Пјастри, како и осум пред Макс Ферстапен и 13 пред Џорџ Расел.
Чарлс Леклер, благодарение на неговиот одличен прв стинт, го напушти боксот нешто повеќе од три секунди зад Расел, така што имаше шанса за пласман на подиумот со посвежи гуми. Следуваа Антонели и Хамилтон, а Саинц Јр. остана најдобар од останатите.
Ландо Норис го направи својот пит-стоп во 35-от круг и се врати на патеката на побрзите жолти гуми на петтото место, многу пред Кими Антонели и пет секунди зад Чарлс Леклер, кој веќе беше помалку од две секунди зад Џорџ Расел.
Оскар Пјастри го презеде водството во овој момент од трката, со разлика од речиси четири и пол секунди пред Макс Ферстапен, кој имаше два круга понови гуми.
Чарлс Леклер го стигна Џорџ Расел во 37-от круг и веќе во следниот го престигна Британецот во Мерцедес АМГ. Три круга подоцна, и Ландо Норис го престигна својот сонародник за четвртото место. Со уште девет круга до крајот, тој заостануваше четири секунди зад Чарлс Леклер.
Во тие девет круга немаше промени на позициите, па Оскар Пјастри мина прв низ целната линија со речиси три секунди предност пред Макс Ферстапен, а Чарлс Леклер го задржа Ландо Норис зад себе за да се качи на победничкиот подиум.
Зад нив Џорџ Расел заврши на петтото место, а Кими Антонели на шестото, пред Луис Хамилтон. Карлос Саинц го обезбеди осмото место, пред својот тимски колега и Исак Хаџар кој го комплетираше списокот со освојувачи на поени.
По еден викенд одмор, следна трка во календарот на Формула 1 е Големата Награда на Мајами, која ќе се вози од 2-4 Мај 2025 година.
ПЈАСТРИ ГО ПОБЕДИ МАКС ЗА ВОДСТВО ВО ШАМПИОНАТОТ НА ВОЗАЧИ
4/20/2025 03:01:00 PM
0
Share to other apps










