Доминација на Џорџ Расел во Сингапур. Британецот го наметна своето темпо и беше неприкосновен на патеката Марина Беј.
Макс Ферстапен го задржа второто место и покрај обидите на Ландо Норис да го престигне. Фернандо Алонсо, возачот на денот.
Во центарот на вниманието? Мекларен, кој веќе и математички ја потврди шампионската титула кај конструкторите.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
Првото изненадување дојде уште пред почетокот на трката. Дождот беше главната карактеристика на утрото, а тоа ги промени плановите на многумина.
Патеката беше влажна во сектор 2 и 3, комплетно сува во првиот сектор, што покрена сомнежи за изборот на гуми. На крај сите се одлучија за гуми за сува патека, која се очекуваше да биде целосно исушена за само неколку круга.
Макс Ферстапен се одлучи за црвените гуми, како би можел да има повеќе грип,со оглед на тоа негоата стартна позиција беше на нечистиот дел од патеката. Холанѓанецот и Фернандо Алонсо беа единствените во Топ 10 кои се осмелија да пробаат таква агресивна стратегија.
Квалитетот на возачите беше демонстриран на стартот, немаше поголеми инциденти. Џорџ Расел, од пол позицијата, го задржа водството.
Ферстапен не можеше да ги искористи најмеките гуми за оваа трка, едноставно асфалтот надвор од тркачката линија немаше ни минимален грип. Сите возачи на левата страна од гридот имаа потешкотии да ги задржат своите позиции.
Ландо Норис ризикуваше најмногу и го престигна својот тимски колега и Кими Антонели. По првиот свиок тој веќе беше зад Макс Ферстапен, имаше контакт со болидот на Ред Бул, по кој следеше уште еден со неговиот тимски колега, Оскар Пјастри.
Сите поминаа без поголеми оштетувања, само крајниот лев дел од предното крило на болидот на Норис претрпе минимална штета. Австралијанецот беше видно нервозен по тимското радио, барајќи да му биде вратена позицијата, но стјуардите и тимот решија дека се тоа било тркачки инцидент.
Дополнително во тимот на Мекларен ќе разговараат за тоа интерно, откако ќе изветрее победничкиот шампањ!
Сите продолжија кон финишот на трката, еден зад друг. Иако по неговиот добар старт, беше јасно дека Норис има поголема брзина, беше блиску до Ферстапен, кој беше на најмеката смеша на Пирели за овој викенд, не успеа да направи нешто повеќе.
Ред Бул го повика Ферстапен во бокс, веќе во 20-тиот круг. Логично, црвените гуми не можеа да издржат повеќе кругови. Ландо Норис сега имаше чиста патека пред себе, но за разлика од многу пати претходно, сега не беше во можност да ја надополни рзликата за да биде пред Макс по пит-стоповите.
Едноставно во мислите на сите во Мекларен беше обезбедување на шампионската титула кај конструкторите.
Џорџ Расел влезе во боксот во 25-от круг, а по него Норис веќе во следниот круг. Мекларено се најде веднаш зад Ферстапен, со пет секунди заостанување, по многу добриот пит-стоп од 2.1 секунди.
Сосема спротивно од она што му се случи на неговиот колега, кој имаше проблеми и со пит-стоп од 5.2 секунди на патеката излезе со над 9 секунди заостанување зад својот тимски колега.
Истото му се случи и на Фернандо Алонсо, кој ги користеше жолтите гуми за првиот стинт. На механичарите на Астон Мартин им беа потребни повеќе од девет секунди да ги променат неговите гуми. Тој падна на 15-то место.
По првата сесрија на пит-стопови, трката се стабилизираше. Единствени кои се решија да чекаат излегување на безбедносното возило беа Лосон, Строл, Саинц Јр. и Албон.
Напред, Ферстапен притискаше, но неговите гуми беа постари од тие на Расел. Може да се каже дека Ред Бул ја погреши стратегијата со изборот на црвените гуми за старт на трката.
Расел беше недостижен, а по неколку блокирања на предните тркала, Ландо Норис се најде во ДРС-опсегот зад болидот на Ред Бул.
По промената на гумите, Фернандо Алонсо, беше најбрзиот возач на патеката во тие моменти. Шпанецот се приближи до Пјер Гасли во болидот на Алпин и го престигна на патеката! Битка која, без сомнение, беше највозбудливата од целата трка. Тој дури и го престигна и Алекс Албон, кој беше еден од возачите кој беше на стари гуми.
Алонсо потоа се насочи кон Берман, кој заостануваше помалку од секунда и пол. Го престигна за само неколку круга. На крај, практично, беше прв меѓу аутсајдерите.
Норис влезе во ДРС зоната зад Макс во 46-от круг. Ферстапен беше ранлив, мачејќи се да го вози РБ21 и, како што напоменавме, веќе имаше направено неколку грешки. Ова е невообичаено за Холанѓанецот.
Британецот во папаја болидот имаше многу поголема брзина, но дојде до израз лукавоста на четирикратниот шампион, кој возеше како препороден и во последните 18 круга не направи ни најмала грешка за да дозволи да биде претекнат. Исклучителна постојаност под притисоко, нешто за што го пофали и самиот Норис.
Луис Хамилтон имаше интересна трка. Британецот влезе двапати во боксот. Последниот пат, за да премине на многу побрзите црвени гуми. Идејата беше да се стигне Антонели, и барем да се победи едниот болид на Мерцедес АМГ во битката за второто место во Шампионатот на конструктори.
Но, на крајот од трката, тој ги изгуби сопирачките и не можеше да го стигне младиот Италијанец во болидот на Мерцедес АМГ. Проблемот со сопирачките додаде малку интрига во финалните моменти на трката. Алонсо надополни разлика од над 43 секунди во само неколку круга и беше блиску до престигнување на Ферарито, непосредно пред целната линија.
Но, откако беше увртено дека Хамилтон во повеќе наврати ги напуштил границите од патеката, беше казнет со 5 секунди, што на зелената маса му го донесе седмото место на Шпанецотво болидот на Астон Мартин.
Радоста, и покрај тоа што Расел и Ферстапен финишираа пред нив беше за тимот на Мекларен, кои и математички ја обезбедија шампионската титула кај конструкторите. Чиста формалност, бидејќи им беа потребни само 13 бода за да ја постигнат својата цел. Следна станица: Титулата кај возачите!
РАСЕЛ ДОМИНИРАШЕ, МЕКЛАРЕН ЈА ЗАПЕЧАТИ ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА
10/05/2025 12:07:00 PM
0
Share to other apps