Вебер и Ред Бул не го даваат првото место така лесно
Марк Вебер го постави најбрзо време на вториот слободен тренинг за Германското Гран При, и се пласира пред Фернандо Алонсо. Сега имавме два возачи под 1:32.000, но Австралиецот беше побрз, колку да им порача на Ферари дека нема лесно да се откажат од победничката позиција. Другиот болид на Ред Бул со Себастијан Ветел беше трет најбрз, не се снаоѓаше во средниот сектор, но заврши пред Фелипе Маса на 4-тата позиција. Солидна брзина за болидите Мерцедес кои се пласираа на 5-тата и 6-тата позиција, Михаел Шумахер, следен од Нико Розберг. По навика Мекларен нема добри резултати на тренинзите, па Хамилтон само седми најбрз, додека Батон само единаесети, но имаше проблеми со болидот од техничка природа.Нема некоја вест од овие тренинзи што би не изненадила, се е познато. Во моментов најбрзи на патеката изгледа како да се Ред Бул и Ферари. Ветел изјави дека за бадијала беше сета врева околу издувните системи и мапирањето на моторите, кога еве и со нив Ферари се блиску до нас. Дали е така ќе покаже утрешниот ден, но мислам дека Германецот не форсираше во средниот сектор на патеката, и од Реб Бул блефираа дека не оди се како треба на овој дел од патеката. Значи би требало да очекуваме Ветел да биде 2-3 дестинки побрз на утрешните Квалификации, што го прави фаворит за нова Пол позиција.
Мекларен многу слаб, но тие екпериментираа со нов издувен систем, па и тие ќе бидат брзи утре, ако не друго многу побрзи од Мерцедес ГП, кои стандардно добри на петочните тренинзи, средно добри на Квалификации, екстремно лоши на Трката.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:31.711 34
2. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:31.879 + 0.160 38
3. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:32.084 + 0.373 28
4. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:32.354 + 0.643 36
5. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:32.411 + 0.700 31
6. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:32.557 + 0.846 32
7. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:32.724 + 1.013 28
8. НИК ХАЈДФЕЛД РЕНО 1:33.098 + 1.387 17
9. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО 1:33.138 + 1.427 22
10. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:33.211 + 1.500 34
11. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:33.225 + 1.514 17
12. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:33.299 + 1.580 34
13. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:34.113 + 2.402 34
14. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:34.344 + 2.633 34
15. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:34.487 + 2.776 37
16. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:34.491 + 2.780 35
17. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:34.996 + 3.285 35
18. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:35.753 + 4.042 42
19. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:36.940 + 5.229 32
20. КАРИН ЧАНДХОК ЛОТУС 1:37.248 + 5.537 33
21. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:37.313 + 5.602 33
22. ВИТАНТОНИО ЛИУЦИ ХРТ 1:38.145 + 6.434 31
23. ДАНИЕЛ РИКАРДО ХРТ 1:40.737 + 9.026 5
24. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО без поставено време 3

