2011 ГЕРМАНИЈА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
7/22/2011 03:24:00 PM
0
Во последните четири трка што се одржаа во Нирбургринг, победници се четири различни конструктори, Рено во 2005 година, Ферари во 2006 година, Мекларен во 2007 и Ред Бул во 2009 година.
ВОЗАЧИ
• Себастијан Ветел секогаш се квалификува во првите 10 на Германскиот ГП, и секогаш успева да освои поени во трката. Тој заврши на третото место во Хокенхајм минатата година зад болидите на Ферари, а стартуваше од Пол позицијата, и беше втор во 2009 година.
• Марк Вебер има добри спомени од Нирбургринг, бидејќи тоа е местото на неговата Прва Пол позиција и Прва Победа во Ф1 кариерата, остварени пред две години. Тој има освоено поени само три пати од осум стартувани Германски ГП-ја, но трката не ја завршил четири пати. Минатата година тој беше шести во Хокенхајм.
• Луис Хамилтон никогаш не стартувал пониско од шестата позиција за Германското ГП. Неговиот најдобар настап е во 2008 година, кога започна од Пол позицијата, потоа поради лоша стратегија за време на безбедносното возило падна во средината на поредокот, но успеа да се избори за првото место. Тој беше помалку успешен во 2009 година кога тој беше удрен во првиот свиок во Нирбургринг, и заврши со дупната гума. Беше четврти во Хокенхајм минатата година.
• Џенсон Батон има освојувано поени осум пати од 10 започнати Германски ГП-ја, но обично подобро вози во Хокенхајм отколку на Нирбургринг, негов најдобар резултат е второто место во 2004 година. Имаше пласман на подиумот во Нирбургринг истата година, но тогаш трката беше во рамките на Европското ГП. Во последните шест Германски ГП секогаш стартува над 5-тата позиција, со исклучок на 2008 кога беше 14-ти со Хонда.
• Фернандо Алонсо e Победник на Германското ГП во Хокенхајм во 2005 и 2010 година, но исто така триумфираше и на Нирбургринг во 2005 и 2007 година (кога на патеката се одвиваше Европското ГП). Минатата година неговата Победа остана како најконтроверзната во неговата кариера, бидејќи неговиот тимски колега мораше да го пропушти после сега многу познатиот радио повик до Фелипе Маса: "Фелипе, Фернандо е побрз од тебе, дали може да потврдиш дека ја разбра пораката". Алонсо освојувал поени шест пати во последните осум трки за Германското ГП.
• Фелипе Маса секогаш има добри настапи во Германија. Тој секогаш завршувал на подиумот и се квалификувал во најдобрите осум секоја година од 2006 година, неговиот рекорд се протега и на двете патеки Хокенхајм и Нирбургринг. Сепак, тој никогаш не победил.
• Михаел Шумахер е најуспешниот возач и во Нирбургринг (вклучувајќи ги и трките за Европското ГП) и во Хокенхајм, со пет и четири победи, соодветно. Тој има освоено поени во 12 трки од 15 настапи на Германското ГП и само еднаш, минатата година, не успеал да се квалификува во најдобрите десет. На Нирбургринг тој ги победил своите тимски колеги 10 пати од 11 настапи, со единствениот исклучок, кога Баричело беше подобар од него во 2005 година.
• Нико Розберг освојува поени само на последните две Германски ГП-ја, со најдобар пласман на четвртото место во 2009 година. Минатата година го одбележа својот прв старт во најдобрите 10.
• Ник Хајдфелд има мал успех на Германското ГП, завршувајќи во поени само во 2002 и 2008 година и има стартувано во најдобрите 10 само во три наврати. Тој имаше повеќе среќа за Европското ГП одржано во Нирбургринг во 2005 година, која ја забележа својата прва и единствена Ф1 Пол позицијата, а трката ја заврши на второто место со болидот на Вилијамс.
• Виталиј Петров минатата година беше 10-ти на неговото деби на Германското ГП.
• Адријан Сутил секогаш ја завршувал трката на неговото домашно Гран При, но никогаш не дошол во близина да освои поени, а неговиот најдобар резултат е 15-тото место. Стартуваше како седми во Нирбургринг во 2009 година и беше пласиран на второто место пред својот прв пит-стоп, но на излезот го допре Кими Раиконен, заврши со скршен нос и трката за него беше уништена.
• Себастијан Буеми никогаш не освоил поени или се квалификувал во Топ 15 во Германија. Минатата година тој беше удрен од страна на неговиот тимски колега Џејми Алгуерсуари во текот на трката.
• Џејми Алгуерсуари минатата година во Хокенхајм се квалификуваше и заврши како 15-ти за Германското ГП.
• Хеики Ковалаинен квалификуваше во првите шест за Германскиот ГП за време на неговиот претстој во Мекларен и имаше 5-то и 8-мо место во трка во 2008 и 2009 година. Минатата година се кваливикуваше на 18 позиција, а трката не ја заврши.
• Јарно Трули го постигна својот Прв Ф1 подиум во Нирбургринг, со болидот на Прост ГП во 1999 година, но во трка која се возеше за Европското ГП. Имаше пласман на подиумот за Германското ГП возено во Хокенхајм во 2003 година со тимот на Рено. Од тогаш, па до денес нема освоено поени на Германското ГП. Тој има 10-1 резултат против своите тимски колеги во квалификациите, единствениот колега кој го победи беше Оливие Пани во 1999 година.
• Витантонио Лиуци има едно 10-то место со Торо Росо во далечната 2006 година, додека минатата со Форс Индија беше 16-ти.
• Тимо Глок не се квалификувал во првите 10 за Германското ГП, а најдобра стартна позиција му е 11-тата во 2008 со Тојота. Нема освоено поени во Германија, а најдобар пласман му е 9-то место во 2009 година со тимот на Тојота, заврши 9-ти и во 2008, но подоцна беше суспендиран овој резултат на зелената маса.
• Пастор Малдонадо, Пол и Рест, Камуи Кобајаш, Серџо Перез, Даниел Рикардо, Жером д`Амброзио се дебитанти.
ТИМОВИ
• Ферари има рекордни 20 победи на Германското ГП, од кои 14 се на Нирбургринг. Последната Победа е во 2006 година со Михаел Шумахер. Италијанскиот тим има забележано 40 подиуми на оваа патека, а последните три се со Фелипе Маса во 2006, 2007 и 2009 година. 20-те Победи на Германското ГП е Ф1 рекорд за успехот на едно ГП. Мекларен со 15 Победи на Монако ГП е втор на листата.
• Мекларен има Победено само четири пати во Нирбургринг, последниот пат победија со Алонсо во 2007 година за Европското ГП. Првата победа на тимот на оваа патеката дојде во 1976 година благодарение на Џејмс Хант на истиот ден кога Ники Лауда ја доживеа својата ужасна несреќа во Bergwerk.
• Ред Бул постигна еден-два победа на Нирбургринг во 2009 година со Вебер, кој и покрај казната со возење низ боксот, го победи својот тимски колега Ветел.
• Мерцедес ГП има само еден пласман на подиумот како полноправен конструктор со Фанџо во 1954 година.
• Рено има само два пласмани на подиумот во Нирбургринг, овие резултати се на Алонсо, победа во 2005 година и второто место следната сезона.
• Вилијамс го забележа својот прв пласман на подиумот во Нирбургринг во 1975 година со Жак Лафит, кој беше втор. Својотот последен пласман на подиумот дојде благодарение на Хајдфелд во 2005 година за Европското ГП.
• Форс Индија никогаш немал топ 10 завршница на Германското ГП, но во 209 година успеаа да бидат на седмата стартна позиција со Сутил.
• Заубер никогаш не бил на подиумот на Германското ГП. Своите последни поени на патеката ги забележаа со Хајдфелд и Роберт Кубица во 2007 година.
• Торо Росо има освоено еден поен за Германското ГП во Хокенхајм во 2008 година благодарение на Ветел.
Tags
Share to other apps
