Себастијан Ветел ја покажа својата возачка вештина на Спа, за нова Пол Позиција!!!
Младиот Германец ќе стартува од Пол Позицијата за Белгиското ГП, откако постави најбрзо време на денешните квалификации, кои беа зачинети со неизбежниот дожд, многу инциденти, разочарување за Михаел Шумахер и Џенсон Батон и бизарниот инцидент помеѓе Луис Хамилтон и Пастор Малдонадо.Ветел го постави најбрзото време, 1:48.298 во својот последен круг и го остави Луис Хамилтон зад себе за скоро половина секунда. Марк Вебер беше трет со вториот Ред Бул, со секунда побавно време од неговиот тимски колега, но патеката на крајот нагло се сушеше па така и се постигнуваа големи разлики во времињата. Фелипе Маса беше четврти најбрз во денес најбрзиот болид на Ферари. Болната точка на Ферари остануваат гумите на Пирели, кои никако не успеавааѕ да го загреат на време.
Нико Розберг ќе започне од петтата позиција пред импресивниот Џејми Алгуерсуари и уште повеќе импресивниот Бруно Сена, кој лесно го победи својот тимски колега Виталиј Петров, кој ќе започне од десеттата стартна позиција, зад Фернандо Алонсо на осмата и Серџо Перез на деветтата.
Најголемата драма денес беше на крајот на Q2, кога Батон остана жртва на недостатокот на комуникација во тимот на Мекларен, па трката ќе ја стартува само од 13-тата позиција, а реално можеше да се надева и на Пол Позицијата. Разочарувачки почетокот на својата 20-та годишнина на Михаел Шумахер, кој го уништи неговиот Мерцедес, па ќе започне од последната позиција.
Влажната патека во Q1, која подоцна се исуши предизвика послабите тимови да не можат да постигнат подобро време од 107%, а тоа се Жером Д'Амброзио, Витантонио Лиуци и Даниел Рикардо. Се очекува каква ќе биде одлуката на стјуардите и дали овие возачи ќе добијат дозвола за старт на утрешната трка.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:48.298
2. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:48.730 + 0.432
3. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:49.376 + 1.078
4. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:50.256 + 1.958
5. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:50.552 + 2.254
6. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:50.773 + 2.475
7. БРУНО СЕНА РЕНО 1:51.121 + 2.823
8. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:51.251 + 2.953
9. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:51.374 + 3.076
10. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО 1:52.303 + 4.005
Q2 Најбрзо време: 2:02.768 Ф. Алонсо Разлика
11. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО 2:04.692 + 1.924
12. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 2:04.757 + 1.989
13. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 2:05.150 + 2.382
14. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 2:07.349 + 4.581
15. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 2:07.777 + 5.009
16. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 2:08.106 + 5.338
17. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 2:08.354 + 5.586
Q1 Најбрзо време: 2:02.827 М. Вебер Разлика
18. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 2:07.758 + 5.945
19. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 2:07.773 + 5.960
20. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 2:09.566 + 7.753
21. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 2:11.601 + 9.788
22. ВИТАНТОНИО ЛУИЦИ ХРТ 2:11.616 + 9.803
23. ДАНИЕЛ РИКАРДО ХРТ 2:13.077 + 11.264
24. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП бeз поставено време
107% време: 2:10.339
***UPDATE***Пастор Малдонадо е казнет со Пет места назад на стартната листа за удирањето во болидот на Луис Хамилтон за време на квалификациите, а на Британецот му е изречена опомена за неговата вмешаност во инцидентот.