Возачите се едногласни, Спа е посебна патека!!!
Во изминатите шест години победникот на трката ја започнал од Пол позицијата само еднаш и тоа Кими Раиконен во 2007година. Во последните осумнаесет Белгискиот ГП-ја само три победи дојдоа од пол-позицијата. Во последните десет Белгиски ГП-ја победуваат само Мекларен и Ферари со по пет победи. Последниот победник од друг тим е Дејмон Хил во 1998 година со Џордан. ВОЗАЧИ
• Себастијан Ветел се квалификува во Најдобрите 10 во Спа секоја година од неговата последна сезона со Торо Росо во 2008година, но Спа е една од ретките патеки каде што нема Победа, другите се Фуџи, Индијанаполис, Magny-Cours и Нирбургринг. Ако тој завршува трет до крајот на шампионатот ќе ја освои втората светска титула, без оглед на резултатите на неговите ривали.
• Марк Вебер е во добра форма во Спа во последниве години, завршува во Топ 10 и во квалификациите и во трката во последните пет белгиски ГП-ја. Неговиот резултат во квалификациите против своите тимски колеги е 6-1, победен е само од страна на Ветел, пред две години.
• Луис Хамилтон, со исклучок на 2009 година, се има квалификувано и завршил во најдобрите четири во секое свој настап на Белгиското ГП, а победи во 2010 година.
• Џенсон Батон има три судири и три механички дефекти од девет започнати трки во Спа. Тој последен пат освоил поени во 2005 година, кога заврши на третото место. Последните четири трки се особено лоши, и само еднаш успеа да ја заврши трката, во 2008 година, кога беше 15-ти.
• Фернандо Алонсо има два пласмани на подиумот во 2005 и 2007 година, но нема завршено трка од 2008 година. Нема старт од предниот ред во Белгија.
• Фелипе Маса победи во 2008 година, по казната на Хамилтон, а беше втор во 2007 година, комплетирајќи ја 1-2 Победата на Ферари, Кими Раиконен беше победникот. Тој се квалификува и завршува во топ 10 на секое Белгиско ГП од 2004 година.
• Михаел Шумахер има цела историја во Спа, тука го имаше своето деби во Формула 1 пред дваесет години со тимот на Џордан, кога веднаш се квалификуваше на седмата стартна позиција. Исто така тука ја забележа својата Прва Ф1 Победа во 1992 година и е најуспешниот возач на оваа патека со 6 Победи. Неговиот резултат во квалификациите против своите тимски колеги е 12-2.
• Ник Хајдфелд ќе паузира на оваа трка, неговото место ќе го завземе Бруно Сена.
• Виталиј Петров втора сезона ќе настапи на Белгиското ГП, а лани се квалификуваше на 23-тата стартна позиција, но трката ја заврши на 9-тото место.
• Рубенс Баричело имаше добри резултати во Спа кога возеше за Ферари, завршувајќи на подиумот во 2002 година (втор) и 2004 година(трет). Има освоено само два поени во последните четири трки. Нема завбршено осум од шеснаесет започнати трки.
• Хеики Ковалаинен најдобриот резултат го има во 2009 година, кога заврши на 6-то место, а стартуваше како 15-ти.
• Јарно Трули има една Пол позиција и два старта од првиот ред во Спа, но во неговата долгогодишна кариера има освоено само една поен, во 1998 година, кога на влажна трка беше 8-ми со Прост. Неговиот резултат во квалификациите со тимските колеги е 10-2.
• Тимо Глок најдобар резултат во Спа го има со деветтото место во 2008 со тимот на Тојота.
• Џером Д`Амброзио, Серџо Перез, Пастор Малдонадо, Даниел Рикардо се дебитанти на оваа патека
ТИМОВИ
• Ферари е најуспешниот тим во Белгија со шеснаесет победи. Последните три Италијанскиот тим ги забележа од 2007 до 2009 година, но не можат да се пофалат со големи успеси во квалификациите, а последната Пол Позиција во Спа е во 2007 година.
• Ред Бул има два пласмани на подиумот на последните две Белгиски трки, но нема Победа, ниту пак двајцата возачи им биле во поени.
• Мекларен има тринаесет победи во Белгија и во последните шест години го пропуштил пласман на подиумот само еднаш во 2009 година.
• Мерцедес победи во Спа во далечната 1955 година, со Фанџо, но од тогаш нема пласман на подиумот, дури и со минатите две инкарнации на овој тим, Браун ГП и Хонда.
• Рено победи во 1983 година со Алан Прост, но не успеал да заврши 16 од 29 започнати трки. Минатата година има двоен финиш со Кубица на третото и Петров на деветтото место, прв во Спа од 1984 година.
• Вилијамс во последните три години само еднаш завршил трка со болид во поени, и тоа осмото место на Нико Розберг во 2009 година. Тоа беше и последен пат кога болид на Вилијамс водел во една Ф1 трка(исто така Розберг).
• Форс Индија, имаше историски резултат во Спа во 2009 година, кога ја освоија својата Прва, но и единствена Пол Позиција во Формула 1 шампионатите. Минатата година се пласираа на 5-тото и 10-тото место.
• Заубер има одлична серија на резултати во Спа, освојувајќи поени на секоја трка од 2004 година.
• Торо Росо го забележаа својот најдобар резултат во Спа, во 2008 година, кога двајцата возачи се квалификуваа со Топ 10(Бурде 9-ти, а Ветел 10-ти) и имаа двоен пласман во поени (Ветел на 5-тото место, а Бурде на 7-то).