Мекларен покажува силни перформанси на суво време !!!
Дуото на Мекларен покажа завидна брзина на првиот слободен тренинг за Големата Награда на Унгарија, а Луис Хамилтон го имаше најбрзото време, десетинка секунда побрз од својот тимски колега Џенсон Батон. Трето најбрзо време за Фернандо Алонсо со Ферари, и заостанување од половина секунда.Топлото и сончево време очигледно им одговараше на тимовите и видовме доста извозени кругови. Мекларен ги направија најбрзите времињата на почетокот на тренингот, а во тоа време на патеката беа и болидите на Ред Бул, но со различна програма, а нивните времиња сугерираат дека тие имаа многу повеќе гориво во резервоарите. Ред Бул не извозе нити еден круг со малку гориво.
Од Ферари го користеле овој тренинг за прибирање податоци за аердинамиката на болидот, па на болидот на Маса имаше монтирано аеро решетка зад задната гума, а Алонсо мораше да го вози својот болид со постојана брзина.
Мерцедес АМГ стандардно добри на тренинзите, но катастрофално лоши во трките. Лотус повторно го испробуваше новиот систем за подобрување на максималната брзина, и повторно само на болидот на Раиконен. Според комуникацијата со боксот системот работи како треба. Останува да видиме дали ќе го користат во трката. Нити еден болид не ги користеше меките гуми на Пирели ( за оваа трка се користат меките и медиум гуми). Од еден тренинг не може многу да се заклучи, па останува да почекаме и да ги видиме и останатите два слободни тренинзи.
Но, едно е сигурно, Мекларен се враќа во врвот, а нивните надградби воведени на минатата трка во Германија во многу ја подобрија нивната форма.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мекларен 1:22.821 30
2. Џенсон Батон Мекларен 1:22.922 + 0.101 24
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:23.397 + 0.576 24
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:23.628 + 0.807 29
5. Роман Грожан Лотус 1:23.633 + 0.812 24
6. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:23.845 + 1.024 26
7. Фелипе Маса Ферари 1:23.904 + 1.083 25
8. Кими Раиконен Лотус 1:23.983 + 1.162 24
9. Валтери Ботас Вилијамс 1:24.152 + 1.331 24
10. Серџо Перез Заубер 1:24.268 + 1.447 27
11. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:24.300 + 1.479 23
12. Камуи Кобајаши Заубер 1:24.394 + 1.573 19
13. Марк Вебер Ред Бул 1:24.546 + 1.725 24
14. Пол ди Реста Форс Индија 1:24.559 + 1.738 22
15. Себастијан Ветел Ред Бул 1:24.608 + 1.787 25
16. Даниел Рикардо Торо Росо 1:25.354 + 2.533 25
17. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:25.559 + 2.738 27
18. Жил Бјанки Форс Индија 1:25.715 + 2.894 26
19. Виталиј Петров Катерам 1:26.440 + 3.619 27
20. Чарлс Пик Марусија 1:26.705 + 3.884 23
21. Хеики Ковалаинен Катерам 1:26.755 + 3.934 28
22. Тимо Глок Марусија 1:27.015 + 4.194 24
23. Педро де ла Роса ХРТ 1:27.101 + 4.280 21
24. Дани Клос ХРТ 1:28.176 + 5.355 24

