Хамилтон повторно најбрз на Хунгароринг !!!
Луис Хамилтон повторно ја демонстрираше брзината од утринскиот тренинг и го постави најбрзото време и на вториот слободен тренинг за Унгарското Гран При. На оваа сесија видовме краток, но пороен дожд. Патеката беше сува во првата половина на тренингот, а потоа следуваше поројниот дожд, кој беше релативно краток, температурите останаа високи, но патеката не можеше добро да се исуши за гумите за суво се до крајот на истиот.Имаше две интересни ситуации на патеката и тоа кога Грожан ја загуби контролата врз својот болид на излегување од кривина 6 и го оштети предниот спојлер од бариерите, но успеа да се врати во боксовите за поправка на штетата, но Шумахер не беше толку среќен, излезе надвор на интермедиа гумите кога на патеката беше посоодветно да се излезе со гуми за дожд, па по втор пат на петочните тренинзи се најде во бариерите покрај патеката. Остатокот од сесијата го изгледа на телевизија.
Возачите на Ред Бул не беа баш задоволни од однесувањето на своите болиди, Ветел изјави дека не добил вистинска шанса со меките гуми, додека од Вебер не можеше да се излече насмевка на неговото лице што е многу чудно.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мекларен 1:21.995 20
2. Кими Раиконен Лотус 1:22.180 + 0.185 20
3. Бруно Сена Вилијамс 1:22.253 + 0.258 33
4. Фелипе Маса Ферари 1:22.417 + 0.422 28
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:22.582 + 0.587 22
6. Џенсон Батон Мекларен 1:22.747 + 0.752 17
7. Пол ди Реста Форс Индија 1:22.794 + 0.799 23
8. Себастијан Ветел Ред Бул 1:22.824 + 0.829 18
9. Роман Грожан Лотус 1:22.922 + 0.927 12
10. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:23.160 + 1.165 19
11. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:23.164 + 1.169 28
12. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:23.337 + 1.342 26
13. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:23.713 + 1.718 25
14. Марк Вебер Ред Бул 1:23.814 + 1.819 17
15. Камуи Кобајаши Заубер 1:23.841 + 1.846 28
16. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:24.328 + 2.333 23
17. Даниел Рикардо Торо Росо 1:24.345 + 2.350 27
18. Серџо Перез Заубер 1:24.623 + 2.628 22
19. Виталиј Петров Катерам 1:24.823 + 2.828 28
20. Хеики Ковалаинен Катерам 1:25.220 + 3.225 28
21. Тимо Глок Марусија 1:27.104 + 5.109 27
22. Педро де ла Роса ХРТ 1:27.106 + 5.111 18
23. Чарлс Пик Марусија 1:27.185 + 5.190 22
24. Narain Karthikeyan ХРТ 1:27.822 + 5.827 20