Кристијан Хорнер, шефот на Ред Бул, смета дека Луис Хамилтон треба да биде "паметен" и да се обиде да ја компромитира трката на својот тимски колега и ривал за титулата, Нико Розберг. Хорнер, со претпоставка дека возачите на Ред Бул најверојатно ќе бидат најблиските ривали на Мерцедес АМГ, под тоа подразбира дека на Хамилтон му се потребни возачи како Макс Ферстапен и Даниел Рикиардо да бидат пред Нико Розберг.
"Како прво на моите возачи би им рекол да не калкурираат, да нападнат со сите сили за Победата, бидејќи тоа не е наша битка за шампионската титула. Може да бидеме најдобрите пријатели на Луис на неделната трка ако успееме да бидеме пред Розберг со двата наши болиди. Нема смисла Луис да форсира и биде половина круг понапред. Ако е паметен тој ќе "намали" и ќе настојува да го забави својот тимски колега, држејќи го во близина на нашите возачи, а тоа е единствениот начин кој би му донел позитивен резултат."
"Притисокот ќе биде само на Нико, тој има многу да изгуби. Во реалноста, финиш на првите три места е лесно остварлив резултат за возачите на Мерцедес АМГ, но Нико е тој што повеќе ќе гледа во своите ретровизори од сите возачи на гридот. Тој влегува со голем влог во оваа трка. Работа на Луис, на некој начин ќе биде полесна, ако Нико биде под притисок од нашите возачи."
ХОРНЕР: ХАМИЛТОН ТРЕБА ДА ЈА КОМПРОМИТИРА ТРКАТА НА РОЗБЕРГ
11/23/2016 08:02:00 PM
0
Tags
Share to other apps

