Формула Е и ФИА денес на фановите им ги презентираа првите фотографии на новиот Gen2 EVO болид, кој ќе дебитира во седмата сезона на овој шампионат, од кога ќе се вози под закрила на Светската Автомобилистичка Федерација, ФИА.
Формула Е болидот доби низа структурни промени во дизајнот, со ново предно крило, грбна перка, карактеристично закосување на задното крило и ажуриран изглед на шампионатот.
Болидот ќе продолжи да користи 18-инчни Мишелин гуми, специјално дизајнирани за употреба и во влажни и во суви услови.
Сите тимови користат идентична шасија и каросеријата, при што правилата остануваат отворени за екипите да дизајнираат и развиваат свои електрични компоненти и погонски делови.
Gen2 EVO ФЕ болидот за прв пат во живо ќе биде прикажан на штандот на ФИА на меѓународниот автомобилски саем во Женева на 3 Март.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.