Kирил Абитебул го напушти Рено и нема да биде дел од програмата на Алпин Ф1 како што се очекуваше претходно. Алпин ќе биде предводен од Лоран Роси, кој ќе поднесува извештај до извршниот директор на Рено, Лука де Мео и ќе биде одговорен за автомобилите од нивната програма, како и за Ф1 тимот на Алпин.
Кирил Абитебул: "Би сакал да се заблагодарам на групацијата Рено за многуте години верба во мене, особено за време на преструктуирањето и презентацијата на фабричкиот тим во 2016 година."
"Со текот на годините, ние поставивме солидна основа за тркачкиот тим, изградивме инфраструктура во Франција и Велика Британија, спортот се движи кон поодржлив економски модел, а неодамнешното доаѓање на Алпин ќе му даде ново значење и динамика на Ф1 проектот."
"Сето ова укажува дека имаме одличен тренд на развој. Би сакал да му се заблагодарам на Лука де Мео што ми овозможи да учествувам во креирањето на деловниот модел на Алпин и му посакувам успех на новиот тим."
Лука де Мео, извршен директор на Рено: "Би сакал од се срце да му се заблагодарам на Kирил за неговото активно учество во тимот, кој тој помогна да се искачи од претпоследното место во пласманот на конструктори во 2016 година на петто и да забележи неколку подиуми минатата година."
"Благодарение на неговата извонредна работа во Формула 1 од 2007 година, можеме да се фокусираме на иднината. Имаме силен тим кој оваа година ќе се натпреварува за подиумите под новото име Алпсин Ф1 тим."
КИРИЛ АБИТЕБУЛ ГО НАПУШТА РЕНО/АЛПИН Ф1 ТИМОТ
1/12/2021 12:04:00 AM
0
Share to other apps