Во изминатата 2020 година, Формула 1 беше првиот меѓународен спорт што започна да се одвива по појавата на пандемијата со корона вирусот.
Иако стекнатото искуство и безбедносните мерки утврдени минатата година беа добра позиција за старт на 2021 сезоната, тековната состојба во врска со коронавирусот значеше дека не е возможно да се започне сезоната во Мелбурн.
Австралиското Гран При сега ќе се одржи од 18 до 21 Ноември по договорот меѓу Формула 1 и австралиските власти што ја покажува важноста на трката во Австралија за Формула 1 и нивните партнери во Мелбурн.
За разлика од трката во Австралија, Кинеското Гран При повторно е откажано, се разговара за негово презакажување, а раководството на Формула 1 останува на ставот дека ќе гледаме 23 трки.
Исто како претходно, и најновата верзија на 2021 календарот вклучува датум со непотврден настан.
Доколку продолжи овој тренд, следните кандидати за откажување во првата половина од сезоната се градските трки во Монако, Канада и Баку, каде што привремените патеки бараат претходна подготовка и многу време.
Големата Награда на Монако е закажана за 23 мај, таа не може да се одложи, а одлуката за одржување на трката мора да биде донесена најдоцна до крајот на февруари, кога се планира да се започне со опремување на патеката.