Прес службата на Мерцедес АМГ ќе објави неколку видеа со наслов Патот кон 2022, на кои Џејмс Алисон, техничкиот директор на тимот што осум последователни години е на врвот, зборува за подготовките за претстојната Ф1 сезона.
"Прописите се изготвени пред многу време, па понекогаш се заборава колкав е обемот на промените направени во правилата за 2022 година. Во Формула 1 работам повеќе од 30 години, но оваа регулатива го засени се друго што сум видел досега. Овој сет на правила не само што е многу обемен, големината на техничката регулатива е двојно поголема од онаа што беше претходно, но и речиси целосно различна од претходната верзија."
"Ова значи дека моравме повторно да дизајнираме комплетно нов болид, не само како нови делови, туку со комплетно нова филозофија, нов аеро пакет, нови сопирачки, нови тркала, па дури и моторот кој иако релативно малку е допрен од новите правила мораше да биде редизајниран за да биде "замрзнат" во следните три години."
"Работата на дизајнерите и инженерите беше многу, многу тешка и предизвикувачка. Тие требаше да сфатат какви можности дава новата техничката регулатива, а потоа, користејќи ја сета наша генијалност и вештина, да се обидат да најдат конфигурација што ќе биде подобра од она што ќе го направат сите други."
"Новата регулатива е донесена со цел да имаме поблиско тркање и нов формат на болиди кои би овозможиле поприродна форма на претекнување од тоа на што сме навикнати во последните сезони, и конечно тие болиди да би биле поприфатливи за сите Ф1 тимови, без разлика на нивната финансиска моќност."
"Разликата помеѓу најбрзите и најбавните болиди наместо 2-3 секунди да се компресира во една секунда. Времето ќе покаже дали сите овие цели на Либерти Медиа можело да се решат преку техничката регулатива."
"Секој Ф1 фан, помеѓу кои сме и ние, посакуваме блиска борба тркало до тркало, но, од друга страна како членови на тим ние посакуваме само едно нешто - конкурентен болид! Сигурен сум дека ова е филозофијата на секој тим и сите пристапуваме на овој начин кон новата регулатива, како да го направиме болидот што е можно побрз."
"Се разбира, постои ризик од правење грешки, па затоа се обидуваме да се пробиеме низ потенцијалното минско поле, наоѓајќи ги малите ковчези со богатство што би можеле да бидат закопани таму, за да завршиме со болид за кој се надеваме дека ќе ни овозможи да се натпреваруваме за победи."
"Бидејќи болидите се сосема нови и толку многу различни од претходните генерации, можам да замислам дека еден или два тима нема да се справат добро со задачата, а потоа ќе имаат исклучително болна сезона."
"Признавам дека сите ние, до одреден степен, не можеме да предвидиме се, па кога ќе ги видиме болидите на другите тимови, ќе си речеме - Како сами не се сетивме на оваа идеја? Потоа ќе настојуваме таа идеја, што е можно побрзо, да ја имплементираме во нашиот болид."
"Без оглед на позициите на првата трка, се трудиме да го предвидиме понатамошниот развој. И ако имаме среќа, и бидеме понапред, тогаш ќе треба да ја задржиме целата оваа глутница волци што не напаѓаат. Ќе има многу работа, јасно е дека во текот на целата сезона нема да имаме премногу време за спиење."
НОВА ГОДИНА, НОВИ БОЛИДИ, НОВА ЕРА НА ФОРМУЛА 1
1/25/2022 09:11:00 PM
0
Share to other apps