Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, на Ф1 фановите им го покажа ажурираниот дизајн на неговата кацига со шампионската единица, која ќе ја носи во претстојната 2022 сезона.
Макс Ферстапен: "Решив да го задржам дизајнот на кацигата горе-долу ист, но малку да ја сменам неговата боја. Претходно имаше многу црвено, но сега доминира златната."
"Како што можете да видите, има малку повеќе златен сјај. Лавот на врвот сега е целосно во златна боја и секако сега го имам бројот еден, на задниот спојлер. Побарав и мала ѕвезда на грбот, за мојата шампионска титула."
МАКС ЈА ПРИКАЖА КАЦИГАТА ЗА 2022 ГОДИНА
1/27/2022 03:26:00 PM
0
Share to other apps