Огромниот порастот на рејтингот на Формула 1 на глобално ниво кој започна изминатата сезона, се пресликува и помеѓу гледачите и фановите во Македонија.
Според истражувањето кое го направивме преку нашиот блог, за што е заслужен Јане В, еден од админите на VIBER групата на МкФормула1, во Македонија има околу 1500 активни фанови на Формула 1 што ги следат инфомациите околу овој спорт на дневно ниво, додека пак неформалната бројка на гледачи кои што активно ги следеа трките изнесува над 60.000 гледачи.
За тоа секако допринесе супер возбудливата 2021 сезона, но и враќањето на Спортклуб каналите на Телеком, при што сега покриеноста е околу 2/3 од домаќинства во Македонија. Имавме поплаки дека одредени локални кабловски оператори и покрај тоа што имаат понуда на 6 СК канали, немаат можност да пренесуваат Формула 1 трки.
Кога сме кај СпортКлуб кој ги откупи правата за територијата на нашата земја, засега се останува исто, па се додека има нелојална конкуренција, нашите ТВ куќи не се заинтересирани да вложуваат во врвниот мотоспорт, но огромниот процент Ф1 фанови кои посакуваат пренос на домашните ТВ куќи можеби ќе ги предомисли.
Оваа анкета ќе настојуваме да биде традиционална при крајот на секоја сезона, па ќе биде интересно да се споредуваат резултатите и интересот на Ф1 фановите на локално ниво.
Благодарение на одговорите на 1200 Ф1 фанови, ова се карактеристиките на Ф1 фамилијата во Македонија:
ПОПУЛАРНОСТ НА ТИМОВИТЕ
Во оваа категорија за избор беа понудени сите Ф1 тимови. Како и минатата 2020 сезона убедливо на врвот останува тимот на Ферари, но со значително намален процент на гласови во споредба со минатата сезона.
Скок од две позиции за Ред Бул со двојно зголемен процент на фанови, најверојатно Макс Ферстапен предомислил фанови на Ферари и Мекларен. Британскиот тим има пад од една позиција, што е изненадувачки со оглед на нивната голема популарност на глобалната анкета.
Најнепопуларните три тима за 2021 година остануваат истите, но сега АлфаТаури е на последното место со само 0.2% од вашите гласови.
Значителен е бројот на Ф1 фанови кои не навиваат за нити еден тим 3.3% со што би се рангирале на 5-то место.
01/01 45.3% ФЕРАРИ (53.2%)Според истражувањето кое го направивме преку нашиот блог, за што е заслужен Јане В, еден од админите на VIBER групата на МкФормула1, во Македонија има околу 1500 активни фанови на Формула 1 што ги следат инфомациите околу овој спорт на дневно ниво, додека пак неформалната бројка на гледачи кои што активно ги следеа трките изнесува над 60.000 гледачи.
За тоа секако допринесе супер возбудливата 2021 сезона, но и враќањето на Спортклуб каналите на Телеком, при што сега покриеноста е околу 2/3 од домаќинства во Македонија. Имавме поплаки дека одредени локални кабловски оператори и покрај тоа што имаат понуда на 6 СК канали, немаат можност да пренесуваат Формула 1 трки.
Кога сме кај СпортКлуб кој ги откупи правата за територијата на нашата земја, засега се останува исто, па се додека има нелојална конкуренција, нашите ТВ куќи не се заинтересирани да вложуваат во врвниот мотоспорт, но огромниот процент Ф1 фанови кои посакуваат пренос на домашните ТВ куќи можеби ќе ги предомисли.
Оваа анкета ќе настојуваме да биде традиционална при крајот на секоја сезона, па ќе биде интересно да се споредуваат резултатите и интересот на Ф1 фановите на локално ниво.
Благодарение на одговорите на 1200 Ф1 фанови, ова се карактеристиките на Ф1 фамилијата во Македонија:
ПОПУЛАРНОСТ НА ТИМОВИТЕ
Во оваа категорија за избор беа понудени сите Ф1 тимови. Како и минатата 2020 сезона убедливо на врвот останува тимот на Ферари, но со значително намален процент на гласови во споредба со минатата сезона.
Скок од две позиции за Ред Бул со двојно зголемен процент на фанови, најверојатно Макс Ферстапен предомислил фанови на Ферари и Мекларен. Британскиот тим има пад од една позиција, што е изненадувачки со оглед на нивната голема популарност на глобалната анкета.
Најнепопуларните три тима за 2021 година остануваат истите, но сега АлфаТаури е на последното место со само 0.2% од вашите гласови.
Значителен е бројот на Ф1 фанови кои не навиваат за нити еден тим 3.3% со што би се рангирале на 5-то место.
02/04 20.3% РЕД БУЛ (10.8%)
03/02 18% МЕРЦЕДЕС АМГ (17.9%)
04/03 08.1% МЕКЛАРЕН (13.7%)
05/06 02.1% АЛПИН (1.3%)
06/07 01.3% АСТОН МАРТИН (0.9%)
07/05 0.8% АЛФА РОМЕО (1.5%)
08/09 0.3% ВОЛИЈАМС (0.4%)
09/10 0.3% ХАС (0%)
10/08 0.2% АЛФАТАУРИ (0.7%)
ПОПУЛАРНОСТ НА ВОЗАЧИ
И во оваа категорија за избор беа понудени сите возачи кои учествуваа во 2021 Ф1 Шампионатот. Очигледно дека македонските Ф1 фанови сакаат возачи со пргав темперамент, па на врвот на популарноста се најде 2021 Шампионот, Макс Ферстапен, кој го истисна Чарлс Леклер од врвот.
Моначанецот, кој дрско се спротистави на Себастијан Ветел, изминатата сезона имаше достоен конкурент во Карлос Саинц Јр., што допринесе Шпанецот да го забележи највисокиот скок на табелата.
Најголем пад на табелата го има Себастијан Ветел, од трето на седмо место.
01/03 29.6% МАКС ФЕРСТАПЕН (11.8%)
02/01 23.4% ЧАРЛС ЛЕКЛЕР (37.9%)
03/02 16.4% ЛУИС ХАМИЛТОН (14.9%)
04/10 06.7% КАРЛОС САИНЦ ЈР. (1.3%)
05/05 05.2% ЛАНДО НОРИС (6.6%)
06/06 04.0% КИМИ РАИКОНЕН (6.3%)
07/03 03.6% СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ (11.8%)
08/-- 02.9% ФЕРНАНДО АЛОНСО
09/07 01.7% ДАНИЕЛ РИКИАРДО (4.2%)
10/-- 01.0% СЕРЏО ПЕРЕЗ
* Од останите возачи одреден рејтинг имаат 0.9% Мик Шумахер, 0.8% Џорџ Расел, 0.6% за Валтери Ботас и Пјер Гасли, додека останатите се со исклучително слаб процент.
Ф1 ФАНОВИ ПО ГРАДОВИ (ПРОЦЕНТИ)
40.2 (34.8) СКОПЈЕ
8.7 (8.2) БИТОЛА
6.0 (6.9) ПРИЛЕП
5.1 (4.1) ОХРИД
4.6 (5.2) ВЕЛЕС
3.9 (6.0) СТРУМИЦА
3.3 (1.9) ТЕТОВО
3.2 (3.0) ШТИП
2.8 (2.4) КАВАДАРЦИ
2.1 (1.7) СТРУГА
2.0 (--) КОЧАНИ
2.0 (1.1) РАДОВИШ
2.0 (2.2) КУМАНОВО
1.6 (1.1) ГОСТИВАР
1.5 (--) ГЕВГЕЛИЈА
1.1 (1.1) ВИНИЦА
1.1 (1.7) КИЧЕВО
1.0 (1.7) СВЕТИ НИКОЛЕ
1.0 (2.2) НЕГОТИНО
* Пријавени се фанови и од следните градови со застапеност помала од 1% и тоа 0.8% Делчево, 0.7% Валандово, Ресен и Пробиштип, 0.6% Крушево, 0.4% Берово и Крива Паланка, 0.3% Македонска Каменица, Македонски Брод, Демир Хисар, Дебар, Богданци.
ПОЛ
92.9% МАЖИ
07.1% ЖЕНИ
ВОЗРАСТ
22.8% (17%(3)) се 31-35 години, од кои најголеми 4.7% се 33 години.
21.1% (27.9%(1)) се 25-30 години, од кои најголеми 4.1% се 29 години.
17.9% (20.4%(2)) се 18-24 години, од кои најголеми 3.5% се 24 години.
13.4% (10.2%(5)) се 36-40 години, од кои најголеми 3.6% се 40 години.
11.8% (10.9%(4)) се 41-45 години, од кои најголеми 2.8% се 42 години.
10.7% (6.2%(7)) се 46-70 години, најчести години 46,47,49,50,51,57, 65 години.
4.6% (7.1%(6)) се 11-17 години, од кои најголем процент се 17 години.
*4 Фанови се над 70 години од нив 2 се жени од Скопје и Прилеп и 2 фанови мажи од Прилеп и Битола. Најмладиот фан е 12 години од Скопје, навива за Ред Бул и Макс Ферстапен.
КОЛКУ СЕЗОНИ СЛЕДИТЕ ФОРМУЛА 1?
41.7% (34.8%) одговориле 20+ сезони
7.9% (9.3%) одговориле 10 сезони
8.9% (7.6%) одговориле 15 сезони
5.4% одговориле 20 сезони
5.4% одговориле 19 сезони.
4.1% одговориле 5 сезони.
3% одговориле 7 сезони.
3% одговориле 6 сезони.
3% одговориле 4 сезони.
2.9% одговориле 12 сезони.
2.9% одговориле 3 сезони.
2.1% одговориле 2 сезони.
2% одговориле 11 сезони.
1.9% одговориле 16 сезони.
1.8% одговориле 14 сезони.
1.8% одговориле 13 сезони.
1.8% одговориле 8 сезони.
1.7% одговориле 17 сезони.
1.6% одговориле 18 сезони.
*Прва сезона кај 1.4% од одговорите.
КАДЕ ГИ ГЛЕДАТЕ ТРКИТЕ?
31.9% гледаат Интернет стримови, Линк од Вајбер групата на МкФормула1.
68.1% гледаат ТВ пренос.
КАДЕ САКАТЕ ДА ГЛЕДАТЕ Ф1 ПРЕНОС
76.9% одговориле дека преферираат Македонски домашни телевизиски куќи.
17.7% одговориле странски канали.
5.4% одговориле дека сакаат да гледаат на интернет преку Ф1 стримови.
ДАЛИ СТЕ ГЛЕДАЛЕ Ф1 ТРКА ВО ЖИВО
25.2%, т.е. 294 Ф1 фанови следеле трка во живо.
74.8% се уште немаат посетено нити една трка во живо, што е во согласност со глобалната анкета дека билетите не се баш ефтини.
НАЈДОБАР НАСТАП НА ТРКА
26.5% Ферстапен во Абу Даби, победа од пол позиција.
18.4% Хамилтон во Сао Пауло, победа од 10 место.
16.6% Друг настап.
(Би сакале да слушнеме вашиот фаворит, во коментар на ФБ постот.)
8.3% Алонсо во Катар, прв подиум по 7 години.
6.3% Окон во Унгарија, победа од 8 стартна позиција.
6.1% Рикиардо во Монца, победа од 2 позиција.
4.6% Перез во Баку, победа од 6 позиција.
4.5% Саинц Јр. во Монако, 2 место од 4 позиција.
4.4% Алонсо во Унгарија, 4 место од 9 позиција.
ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАЃААТ СПРИНТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ
44.5% одговориле позитивно.
36.2% одговориле негативно.
19.4% одговориле дека немаат став.
НАЈУБАВ БОЛИД ЗА 2021 ГОДИНА
1 место со 23.5% Ферари, SF 21.
2 место со 20.7% Мерцедес АМГ, W12.
3 место со 15.8% Ред Бул, RB16B.
4 место со 10.8% Мекларен, MCL35M.
5 место со 10.1% Астон Мартин, AMR21.
6 место со 07.2% Алпин, A521.
7 место со 03.1% Алфа Ромео, C41.
8 место со 02.5% Алфа Таури, AT02.
9 место со 0.6% Вилијамс, FW43.
10 место со 0.3% Хас, VF21.
На 5.7% од фановите ниту еден болид не им оставил посебен впечаток.
ШТО ОЧЕКУВАТЕ ОД НОВИТЕ ПРАВИЛА
53% сметаат дека борбата ќе стане поинтензивна.
19.1% сметаат дека распоредот на силите нема да се промени.
17.7% немаат мислење.
10.2% еден од тимовите ќе има значителна предност.
ДАЛИ ПОДДРЖУВАТЕ ДОАЃАЊЕ НА НОВИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ/ТИМОВИ?
90.1% Да, повеќе конкуренција ќе биди одкорист за Ф1.
05.7% немаат мислење.
04.2% Не, има доволно производители.