Минатогодишната Големата Награда на Абу Даби беше последната трка за болидите од претходната генерација, а сега целата оваа опрема ќе биде делумно во тимските музеи, а делумно во магацините, така што по некое време ќе се најде во аукциските куќи на продажба, по што ќе најде нови сопственици.
Германскиот АМУС, оддавајќи им респект на аеродинамички најкомплексните болиди во историјата на Формула 1, наведува многу интересна статистика поврзана со нив.
6.500 - е бројот на делови од кои се состои болидот на Мерцедес АМГ, W12, ако ја земеме ПЕ како една компонента. 93% од овие делови се скриени под каросеријата. За споредба, W196 од 1954 година, првиот болид со кој Мерцедес дебитираше во Формула 1, се состоеше од околу 3.500 делови.
10.000 - приближно од толку делови е составена погонската единица (ПЕ).
220.000 евра - приближна цена на 8-брзински менувач.
350.000 евра - приближна цена на кокпитот.
Потребни се 4 недели за изградба на шасијата.
100.000 евра - приближна цена на едно предно крило. Подот на болидот чини отприлика исто, а задното крило чини нешто помалку, 65 илјади евра.
Тимовите плаќаат 15.000 евра за Хало системот, а оваа сума не вклучува дополнителни ставки што тимовите ги имаат при инсталирање на системот и аеродинамички елементи.
293.000 евра вреди комплет амортизација на едно тркало на болидот.
25.000 евра - комплет делови за сопирачките.
6.000 евра - просечна цена на еден клуч, кој се користи при пит-стоповите за менување гуми. Цената може да варира од тим до тим бидејќи некои користат посложени клучеви и тие нормално чинат повеќе.
400 електронски сензори се вклучени во дизајнот на болидот на Мерцедес АМГ. Две третини од нив се некако поврзани со работата на шасијата, преостанатата третина ја контролира работата на погонската единица.
48.000 канали преку кои се добиваат телеметриски податоци, што ја одразува работата само на ПЕ. Во ерата на атмосферските V8 мотори, доволни беа 5600 канали.
5.000 метри е вкупната должина на жици што се користат во модерен Формула 1 болид.
50 МБ телеметрија се генерираат од системите на болидот во само еден километар возење на патеките. Во 2011 година, вкупната количина на информации за целиот викенд не надминуваше 11 гигабајти. Сега оваа бројка порасна на 70 гигабајти.
10 ладилници ладат различни системи на болидите, тие користат пет врсти на течности за ладење.
150.000 евра е приближната цена на овие ладилници.
2.25 секунди - времето на забрзување на болидот на Мерцедес АМГ до 100 км на час. Ова е најдобрата бројка забележана од тимот.
Потребни се 55 метри за Ф1 болидот да забави од 300 на 100 км/ч.
5.2Г - највисок показател за странично оптоварување при свиоци. Тоа било забележано во Мелбурн во шиканата 11-12 и исто така во свиокот Поухон на СПА-Франкоршамп.
ХИБРИДНИ БОЛИДИ - ИНТЕРЕСНИ ПОДАТОЦИ
1/30/2022 10:25:00 PM
0
Tags
Share to other apps