Формула 1 во почетокот на 2020 сезоната, под притисок на политиката, започна иницијативата We Race As One, во која имаше специјална пауза пред почетокот, за време на која возачите можеа да изразат гест по сопствена желба, како солидарност во борбата против расизмот.
Коментирајќи го форматот на стартната процедура за 2022 сезоната, првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали, изјави дека сега нема да има таква процедура.
"Овој гест беше важен за нас, но време е да продолжиме понатаму, да преземеме други активности. Беше важно да се демонстрира позицијата на Формула 1 во работите што ги сметаме за важни за целиот свет. Сега сакаме да преминеме од гестови на акции. А првиот од нив е акцентот на различноста на нашиот спорт."
"Знам дека Луис Хамилтон (прв демант на акцент на различноста! Не е важно мислењето на другите возачи?!? Кога би било реална заложба за различност, да речеме како британци, можел да ги спомене Ландо Норис, Џорџ Расел, бидејќи изјавите се дадени за Скај Ф1!!!) ги поддржува овие промени. Тој е неверојатна предност за нашиот спорт и светот."
"По Абу Даби молчеше, но не се сомневам дека до почетокот на сезоната ќе биде целосно мотивиран. Оваа година Луис има можност да стане осумкратен светски шампион. Сигурен сум дека целосно ќе се фокусира на остварување на оваа цел, бидејќи оваа година, поради промените во регулативата, болидите многу ќе се сменат, а борбата ќе стане уште поинтензивна."
Зошто е поважна борбата на Луис за осма титула, а не на Ландо Норис и Џорџ Расел за прва титула?!? И повторно од аспект на британските фанови, а за на светско ниво не ни правиме муабет.
Немаме сомнеж дека и тие ќе се фокусираат на остварување на таа цел, едниот ќе има одврзани раце, вториот е прашање дали ќе добие таква шанса. Воведување на политиката во спортот никогаш не донело добри, туку напротив повеќе катастрофално лоши работи.
ФАРСАТА ИМАЛА КРАЈ, ВРЕМЕ БЕШЕ...
2/08/2022 09:01:00 PM
0
Share to other apps