Во пресрет на трката за Големата Награда на Белгија, се случи премиерата на уште едно такво дело, кое според дејството, различните заплети и квалитетот на снимањето е сосема споредливо со краток авантуристички филм.
Главниот лик е Макс Ферстапен, кој се чини дека ќе вежба на нивниот симулатор, а инженерите на тимот ги играат споредните улоги. Но, вклучени се и многу други ликови, меѓу нив има "експлозивни" рудари, белгискиот велосипедист Воут ван Аерт, Гијом де Мевиус, мајсторот на рели трките, како и Тиери Нојвил, петкратен вицешампион во рели.
Првично, Макс започнува со тренинг на патеката СПА-Франкоршамп, што е логично во пресрет на трката во Белгија, но инженерите одлучуваат да му ја искомплицираат задачата, па тука започнува забавата.
Главната карактеристика на видеото е микс од реални снимки и компјутерска графика, па дејството се одвива на многу различен терен и во најразлични околности. Понекогаш е тешко да се забележи каде завршува реалниот свет, а започнува виртуелниот. Видеото трае околу седум минути, а за тоа време Ферстапен влегува во секакви неволји и учествува на разни натпревари, но, се разбира, тој секогаш победува.