Стартувавме во месец септември минатата година кога актуелни беа возачките постави на тимовите, потоа следуваше календарот за 2023 година, а само што се комплетирани презентациите на новите адути на тимовите.
Сезоната прв ја отвори тимот на Хас, а ја комплетираше Алпин со презентација на А523 во Лондон. Целосни извештаи и галерии за секој тим имате со клик на следните линкови:
ЛИНКОВИ ПОВРЗАНИ СО 2023 СЕЗОНАТА
1. Ф1 ТИМОВИТЕ И ФИА ПОСТИГНАА КОМПРОМИС
2. 2023 СЕЗОНА: ШТО НЕ ОЧЕКУВА?

2023 сезоната во Формула 1 ќе стартува со Големата Награда на Бахреин, која ќе се одржи на 5 март. Според ова, новиот шампионат ќе започне две недели порано од минатогодишниот, и ќе му претходат три тест дена во Бахреин, од 23-25 Февруари. Не се планирани дополнителни тест денови.
Две недели по трката во Сахир ќе се вози трка во Саудиска Арабија, а една недела подоцна, Ф1 карванот се сели во Австралија. Сезоната ќе заврши на 26 Ноември во Абу Даби.
Оваа сезона ќе имаме една нова трка, Лас Вегас и една трка која ќе се врати по паузата за светското првенство во фудбал, Големата Награда на Катар.
За новата сезона се планирани две серии од по три последователни трки. Првата вклучува трки во Имола, Монако и Барселона, втората во Остин, Мексико Сити и Бразил.
Формула 1 шампионатот ќе има четиринеделна пауза помеѓу трките во Мелбурн и Баку поради откажување на Големата Награда на Кина.
По две сезони со три спринт викенди, во Ф1 календарот бројот на ваквите викенди ќе се искачи на шест. Формула 1 ги потврди шесте трки од 2023 сезоната кои ќе се одржат во петочен квалификациски и саботен спринт формат.
Спринтовите се закажани за ГН на Азербејџан, Австрија, Белгија, Катар, САД и Сао Пауло. Спринт викендите се избрани врз основа на резултатите од истражувањето коие ги зема во предвид можностите за претекнување и блиска борба, како и присуството на брзи делови.
Студиите на Формула 1 покажаа дека викендот со спринт формат привлекува повеќе внимание, па така, во 2022 година, телевизиската публика на Австриското ГП порасна за 39% во споредба со тркта во 2021 година, која се одржа во истиот формат.
Севкупно, спринт форматот привлекол 8% повеќе ТВ публика во споредба со 2021 година. Се ова е нормална појава кога наместо тренинг сесија имаме сесија која носи бодови, но исто така за овие 8 проценти некој аутсајдер кога ќе освои Пол позиција, нема да може да стартува од истата!
Па така, Кевин Магнусен и покрај една Пол позиција зад неговото име, во статистиката како најдобра останува 4-тата стартна позиција. Статистиката со овие промени се прави неверодостојна!
Во 2021 година, поени добиваа само возачите со топ 3 пласман, додека во 2022 година поени освојуваа возачите со пласман до осмото место, со осум поени за прво и еден за осмо место.
Тимот на Ред Бул на оваа тема за 2023 година има мирна глава. Макс Ферстапен ќе продолжи да вози за тимот од Милтон Кејнс до крајот на 2028 година, неговиот тимски колега, Серџо Перез, во мај го продолжи договорот до крајот на 2024 година.
Уште во 2019 година, Ферари го продолжи договорот со Чарлс Леклер на пет години, па Моначанецот ќе продолжи да вози за тимот.
Договорот на Карлос Саинц Јр. со италијанскиот тим истекуваше на крајот на 2022 година, но во април месец договорот со Шпанецот беше продолжен за уште две години.
Возачкото дуо на Ферари нема да се менува.
Минатата сезона Мерцедес АМГ официјално го продолжи договорот со Луис Хамиотон на две години. Така, Британецот ќе продолжи да настапува за тимот во 2023 година.
Договорот со Џорџ Расел првично беше склучен само за 2022 година, но резултатите на младиот возач се во склоп со очекувањата на раководството на Мерцедес АМГ, па без поголема помпезност соработката е продолжена и за следната сезона.
Естебан Окон има договор со тимот до крајот на 2024 година. Францускиот возач го извлекува максимумот од болидот и покажува постојани резултати, значи ќе го гледаме како го вози и 2023 болидот на тимот.
Многу поинтересно беше кој ќе биде негов тимски колега. Договорот на Фернандо Алонсо истекува на крајот од сезоната. Самиот Фернандо рече дека нема намера да ја заврши кариерата во Формула 1, но ја призна можноста за промена на тимот доколку не успее да се договори со Алпин.
Тоа и се случи, на првиот ден од летната пауза, беше објавена веста дека шпанецот ќе се пресели во Астон Мартин. Алпин реагираше со брзина на светлината откако дозна дека Шпанецот ги напушта и веднаш го промовираше Оскар Пјастри како тимски колега на Окон.
Сепак, на Австралијанецот не му се допадна оваа промоција, реагираше дека нема потпишано никаков договор со тимот и дека нема да вози за нив во 2023 година. Комисијата за верификација на договори на Ф1 возачи одлучи во негова корист.
Во медиумите се најавува доаѓањето на Пјер Гасли во тимот на Алпин. Гласините се покажаа како вистинити, Французинот се договори со своите сонародници и од следната сезона ќе се обиде да го врати Рено на победничките патеки.
На почетокот на годината тимот го продолжи договорот со Ландо Норис до крајот на 2025 година. Даниел Рикиардо, исто така, имаше валиден договор со Мекларен за следната сезона.
Но, слабите перформанси на Австралиецот во првата половина од сезоната го натераа Мекларен да го раскине неговиот договор, па Австралијанецот следната сезона ќе ја помине на друго место.
Непосредно пред трката за Големата Награда на Холандија, по одлуката на комисијата за верификација на договори на Ф1 возачите, Мекларен официјално објави дека потпишале повеќегодишен договор со Оскар Пјастри.
Во 2021 година, Валтери Ботас потпиша повеќегодишен договор со Алфа Ромео. Од тимот не ги открија условите од договорот, но јасно е дека Финецот ќе продолжи да вози и следната сезона.
Кинескиот возач добро се претстави во првата половина од годината, па од тимот на Алфа Ромео решија да го задржат Џоу Гуанју со оглед на враќањето на Формула 1 во Кина следната година.
Ленс Строл има повеќегодишен договор со тимот кој е во сопственост на неговиот татко, но многумина веруваат дека Лоренс треба да најде подобар возач доколку сака тимот да има капацитет за врвот на табелите.
Договорот на Себастијан Ветел истекува на крајот од сезоната. Германецот се реши за пезнионирање, а на неговото место дојде Фернандо Алонсо, кој претходните години веќе преговараше со Астон Мартин.
Кевин Магнусен неочекувано се врати во Формула 1 пред почетокот на сезоната, на местото на Никита Мазепин. Данскиот возач ги оправда очекувањата, од 34 освоени поени до средината на сезоната, Кевин на Хас му донесе повеќе од половина, 22.
Нема сомнеж дека тимот ќе му понуди договор за 2023 година. Од Хас потврдија дека договорот бил повеќегодишен со опција да биде прекинат, но Данецот доби зелено светло да остане во тимот.
Резултатите на Мик Шумахер на почетокот на сезоната не беа во негова корист, подоцна успеа да се подобри, но раководството на тимот, особено Џин Хас, за време на трката во Бразил му соопшти дека нема да сметаа на неговите услуги за новата сезона.
Довербата му беше дадена на Нико Хулкенберг, кој со своето искуство треба да донесе поголеми резултати и помала штета на болидите.
Пјер Гасли се надеваше дека ќе ја продолжи својата кариера во Ред Бул во 2023 година, но тимот се реши за Серџо Перез. На францускиот возач му беше понудено да го продолжи договорот со Алфа Таури за следната сезона, па во недостиг на други опции тој мораше се согласи.
Неочекувано доби шанса да се пресели во тимот на Алпин, која реши да ја прифати. АлфаТаури не правеше проблеми и го ослободи за одреден финансиски надоместок.
Нејасните можности на младите возачи на Ред Бул му дадоа нова шанса на Јуки Цунода кој доби продолжување на договорот со АлфаТаури за 2023 година. Можеби со ова се сака барем еден возач да има континуитет со новата генерација на Ф1 болиди.
Ник де Врис се покажа во добро светло додека го замени Алекс Албон на Италијанското Гран При во тимот на Вилијамс кој отсуствуваше поради напад на слепо црево. Тоа беше одлична препорака, дополнето со шампионската титула во Формула Е, па АлфаТаури да го договори како замена за Пјер Гасли.
Договорот на Алекс Албон со Вилијамс истекува на крајот од сезоната. Тимот е задоволен од работата со тајландскиот возач и пред официјалниот почеток на летната пауза го продолжи неговиот договор.
Вилијамс донесе одлука да не го продолжи доворот со Николас Латифи, па Албон ќе има нов тимски колега за 2023 година. Тоа е Логан Сарџент, кој во Абу Даби ги доби потребните поени за неговата суперлиценца и само еден ден подоцна Вилијамс го официјализираше како нивни возач за 2023 година.
Тимот од Гроув е последниот кој ја потврди својата возачка позтава за 2023 година. Заминувањето на Николас Латифи беше најавено во септември минатата година, но вториот возач зависеше од резултатите на Сарџент.