Фелипе Маса покренува правна постапка против Формула 1 и управното тело на ФИА за Формула 1, за шампионската титула од 2008 година и финансиска компензација затоа што не му ја доделиле титулата со моментален ефект по контроверзноста на трката за Големата Награда на Сингапур.
Бразилецот ангажираше адвокати од пет различни земји, Велика Британија, Бразил, САД, Швајцарија и Франција во потрага по компензација за она што се случи на трката во Сингапур .
Аферата "Crashgate" индиректно го чинеше шампионска титула за таа контраверзна година.
Бразилецот, откако се појавија нови информации кои сугерираат дека поранешниот претседател на ФИА, Макс Мозли и поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун биле свесни за аферата уште пред да заврши тој шампионат, се реши правно да ја побара шампионската титула.
"Господин Маса е заслужен шампион во 2008 година, а Формула 1 и ФИА намерно го игнорираа настанот што го остави без титула. Тој не може целосно да ги измери финансиските загуби во овој момент, но тие се проценети на повеќе од десетици милиони евра", коментираат адвокатите на Маса, во обраќањето кое го објави новинската агенција Ројтерс.
Адвокатите бараат компензација за сите економски загуби, како и моралната и репутационата штета што Маса ја претрпе поради тоа што во овој период не беше признат за шампион во Формула 1.
Бразилецот ја сака шампионската титула за 2008 година, речиси 15 години откако таа му "избега" во последниот круг од трката во неговата земја.
"Оваа сума не ги покрива ниту моралните и угледните загуби што ги претрпе. Ќе бараме отштета за сите штети, како и признание, за сите тие незаконски дела, а тој треба да биде крунисан за шампион во 2008 година."
Како што сите знаеме, во моментов, Либерти Медиа и Формула 1 се наоѓаат на летен одмор, но адвокатите на Бразилецот сакаат да добијат одговор во рок од две недели.
Целата оваа ситуација настана по интервју на Берни Еклстон, дадено во Март месец за Inside F1, во кое се вели дека тој и претседателот на ФИА, Макс Мозли, знаеле за намерната природа на несреќата на Пике уште во 2008 година.
Со оглед на тој факт, резултатите од трката требало да бидат анулирани, што би му овозможило на Фелипе Маса да ја освои шампионската титула.
Интересно, во интервју за Ројтерс, Еклстоун вели дека не се сеќава на интервјуто и дека Маса и неговите адвокати не го контактирале за да се осигураат дека неговите коментари се цитирани точно.
Меѓународниот спортски кодекс на ФИА го исклучува правото да се бара преглед на резултатите 14 дена по трката и четири дена пред датумот на церемонијата на награди на ФИА.
ПОТСЕТУВАЊЕ: Кон крајот на 2008 сезоната, за време на трката во Сингапур во 14-от круг, Нелсињо Пике, во договор со директорот на тимот на Рено, Флавио Бријаторе и техничкиот директор Пет Сајмондс, направи намерен инцидент што доведе до излез на безбедносното возило.
Дотогаш неговиот тимски колега, Фернандо Алонсо, кој стартуваше 15-ти, успеа да наполни гориво, а потоа влезот во боксот беше затворен. Шпанецот дојде до предност, која ја зачува до крајот и Победи на трката.
Од претендентите за титулата само Хамилтон можеше да заработи бодови. Британецот се искачи на подиумот, а Маса го скина цревото за гориво за време на пит-стопот, па беше принуден да чека додека механичарите не стигнат до излезот од пит-линијата, за што добија и казна.
На крајот од сезоната, Луис Хамилтон ја освои дебитантската титула, со еден поен предност пред Фелипе Маса.
Само една година подоцна, Нелсон Пике Јр. даде официјална изјава: "На 28 септември, за време на Големата Награда на Сингапур, мојот менаџер и тимски шеф, Флавио Бриаторе и техничкиот директор Пет Сајмондс, ми предложија намерно да го удрам болидот. Се согласив и удрив во заштитните бариери 13/14 круг од трката."
ФИА спроведе истрага, казнувајќи го тимот на Рено со условна двегодишна дисквалификација и привремено отстранување на Бриjаторе и Сајмондс од Формула 1, но тоа се случи во 2009 година и повеќе не можеше да се влијае на резултатите од 2008 сезоната.
ФЕЛИПЕ МАСА СУДСКИ ЌЕ ЈА БАРА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА ЗА 2008 ГОДИНА?!?
8/18/2023 12:42:00 AM
0
Share to other apps