Шефовите на МотоГП и Формула 1 ја истражуваат можноста да ги здружат силите и да организираат трки од двата шампионати во ист викенд на одредена патека.
Кармело Езпелета, извршниот директор на Дорна, која ги поседува комерцијалните права за МотоГП шампионатот, и Стефано Доменикали, претседателот на Формула 1, поминаа извесно време разговарајќи за можните опции.
Во моментов има четири патеки на кои се одржуваат трки во Формула 1 и МотоГП, Каталуња, Ред Бул Ринг, Силверстон и патеката на Америка во Остин, Тексас.
Сепак, тешко дека ќе се организира ваков заеднички проект во следните година-две, пред се поради сложеноста на безбедносната подготовка на патеката, бидејќи во двата шампионати имаме различни стандарди.
Но, не е само тоа, двата шампионати имаат различни спонзори и нема да биде лесно да се земат предвид барањата на сите деловни партнери.
Езпелета смета дека се уште е можно да се спроведе планот: "Стефано Доменикали и јас долго време имаме пријателки односи и веќе некое време размислувавме за таков проект."
"Се разбира, не е толку едноставно, но можам да кажам дека не се откажавме од оваа идеја. Ако проектот може да се спроведе, ние ќе го направиме тоа."
МОТОГП СОНУВА ЗА ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ СО ФОРМУЛА 1
1/28/2024 08:00:00 PM
0
Share to other apps