По огромниот порастот на рејтингот на Формула 1 за време на 2021 сезоната, кога ја гледавме драматичната битка помеѓу Макс Ферстапен и Луис Хамилтон до последната трка, т.е финалниот круг, бројките втора година по ред се во опаѓање.
Според најновата анкета, во Македонија има околу 80.000 активни фанови на Формула 1 што ги следеле поголемиот дел од трките од изминатата сезона, плус ако додадеме барем +25% кои Ф1 ја следат со просечна заинтересираност доаѓаме до бројка од 100.000 жители кои имале некаква интеракција со врвниот мотоспорт.
Како главна причина за намалување на интересот за Формула 1 е доминацијата на Ред Бул и раното обезбедување на шампионските титули.
И покрај тоа што програмите на Спортклуб се веќе присутни на повеќето кабловски оператори во Македонија, сепак 42.5% од фановите мора да бараат стримови по интернет за гледање на Ф1 трките, процент кој претставува зголемување за разлика од минатата година.
Дали повеќето спортски фанови се префрлија на А1, кои ги нуди сите познати фудбалски лиги?!? Но, не и Формула 1! Спортклуб ги има обезбедно правата и за новата сезона, па така останатите 57.5% од македонските Ф1 фанови се мирни по ова прашање.
Значи, спортклуб ги има ТВ правата и за оваа 2024 година, па на овој план останува се по старо. Се додека има нелојална конкуренција, нашите телевизии не се заинтересирани да вложуваат во врвниот мотоспорт, и покрај огромниот процент Ф1 фанови кои посакуваат пренос на домашните ТВ куќи.
А кога сме кај гледање трка во живо, тоа е она вистинското за привлекување нови фанови на овој врвен мотоспорт, од резултатите може да се заклучи дека просечниот македонски Ф1 фан не е во можност да посети некој тркачки викенд, а во тоа успеваат околу 5-6% од анкетираните.
Не дека нема желба, но главен проблем се скапите билети, а од минатата година и недостапноста т.е. ограничениот број на GA билети, што никогаш не било случај.
Доколку се има можност за посета во живо на некоја од Ф1 трките, главен погодок имаат тие што беа на Големите Награди на Сингапур, Лас Вегас, Сао Пауло, Монца, СПА и Монте Карло...
Македонскиот Ф1 фан е верен на Формула 1 и верува дека сопствениците не треба да воведуваат повеќе од 23 трки во една сезона.
Втор, најпопуларен мотоспорт во Република Македонија е МотоГП. Од другите мотоспортови внимание привлекуваат рели трките и Формула 2.
На прашањето - Што очекувате од новите правила?, поставено на анкетата од 2021 година, т.е. пред воведување на новата регулатива 53% од вас сметаа дека борбата ќе стане поинтензивна, додека
19.1% сметаа дека распоредот на силите нема да се промени. 10.2% од вас точно погодија дека еден од тимовите ќе има значителна предност.
Во споредба со минатогодишните 65.9%, сега 63.1% од македонските фанови сметаат дека новите правила ја оправдаа нивната примена и дека сега претекнувањата се полесно изводливи. Кога веќе втора година имаме вака голем процент, значи новите правила и прописи го оправдаа нивното донесување.
2021 - ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАЃААТ СПРИНТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ
- 44.5% одговориле позитивно.
- 36.2% одговориле негативно.
- 19.4% одговориле дека немаат став.
2022 - ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАЃА СПРИНТ ФОРМАТОТ
- 53.5% одговориле позитивно.
- 36.4% одговориле негативно.
- 10.1% одговориле дека немаат став.
Дали поради честите менувања на правилата за овој спринт формат од страна на Формула 1, мислењето на оваа тема од позитивно во претходните две години, премина кон негативно кај македонските Ф1 фанови.
Во прилог на тоа оди тоа што и за новата 2024 година Формула 1 и тимовите не може да се договорат како ќе изгледа новиот, да, повторно нов формат за 2024 година. А сезоната само што не започнала!
Резултатите од 2021 анкета на ова прашањето беа:
- 90.1% Да, повеќе конкуренција ќе биди одкорист за Ф1.
- 5.7% немаа мислење.
- 4.2% Не, има доволно производители.
Резултатите од минатата сезона:
- 88.5% Да, повеќе конкуренција ќе биди одкорист за Ф1.
- 6.4% немаа мислење.
- 5.1% Не, има доволно производители.
По се изгледа македонските Ф1 фанови веќе сфатија дека тимовите кои се влезени во "кантата со мед" нема да дозволат влез на нов/и тимови, па така и интересот за позитивен исход се намалува, а тие што немаа мислење на оваа тема преминуваат кон мислењето дека на Формула 1 не и се потребни нови тимови.
2022 РЕЗУЛТАТИ:
- 47.5% покриеност на тркачките викенди
- 32.4% Ф1 новости.
- 10.8% Анализа на тест сесии
- 6% Видеа со македонски превод
- 3.1% Фото галерии.
Како што забележувате сега не е понудено Видеа со Македонски превод, затоа што тоа е исклучително тешка работа, а интересот беше мал!!! Од време на време може да титлуваме некое видео на македонски јазик!
ВАШИ РАЗМИСЛУВАЊА НА ТЕМА:
Што нема, а би сакале да има на МкФормула1 блогот?
ПОФАЛБИ
-Супер сте (👌)
- Прекрасно опфати те све, ве лјубам 🫶
- Mislam ne fali nisto (👌)
- Se e ok (👌)
- Се има (👌)
- Uste eden (👌)
- Ok e SE!! (👌)
- Najdobriot Sajt vo MK (👌)
- NAJDOBRI, SEKOGAS TOCNI, BEZ KOPI-PASTE, PRODOLZETE TAKA!, (👌)
- Најважните информации се секигаш навремени (👌)
- Напред Македонија (👌)
- Супер сте, продолжете во исто темпо (👌)
- The Best the best the best (👌)
- Единствени (👌)
- Navremeni informacii za F1, samo prodolzete taka (👌)
- Prodolzete so isto tempo (👌)
- Незнам све е добро за мкформула1 блогот (👌)
- Najdobri ste (👌)
- Продолжете со одличните статии и вести од светот на Формула 1 (👌)
- Bez konkurencija vo MK, isto kako letecki Maks (👌)
- Objektivnost. Po objektiven sajt nema vo MK, samo prodolzete taka. (👌)
- Продолжете во исто темпо (👌)
- има се (👌)
МкФ1: Благодариме на подршката!!!
ПРЕДЛОЗИ
- Не е со блогот повеќе со вашиот начин на одговарање. Се добива впечаток дека секогаш сте во право. (Не се добива впечаток, СЕКОГАШ, ама баш СЕКОГАШ сме во право!) Има луѓе кои различно мислат и треба да се уважуваат. (СЕКОГАШ, АМА БАШ СЕКОГАШ се уважуваат, ама НЕ и тие што ни солат памет и кажуваат како да работиме.) Приватно сеедно ама кога имате ваков убав портал-медиум внимавајте и на тоа. Поздрав (ПОЗДРАВ 👌)
- Подкаст анализа на трки.
- Poveke tehnicki podatoci koi timovite gi spodeluvaat so oficijalnite F1 strani
- API
- Pocesto tabela i rezultati, novosti podetalbo za bolidite i pilotite.
- Primer: se slucuva nekoja nezgoda i posle od koga ke zavrsi trkata se prava detalna analiza zasto koj e kriv posledici itd
- Povekje analizi na razlicnostite pomegju bolidite.
- Повеќе анализи и технички детали
- Statistiki
- Povekje vakvi anketi, nekoi natprevari, kvizovi i slicno za F1 fanovite
- Интеракција со фановите
- Povekje informacii i postovi na dnevno nivo
- Занимливи факти и податоци од Ф1 минатото пред секоја трка за истата.
- Повеќе технички детали за болидите
- Poveke da se objasnuva za timovote koj so kakov napredok e
- повејќе анализа на тимовите на трките
- Hightlights od trkata po zavrsuvanjeto
- Повеќе забава забава за нас фановите
- Potsetuvanje na pointeresni trki od istorijata na F1
- пораки за време на трката во живо на некој пд социјалните мрежи
- Известување од лице место
- Сакам да направите апликација (Android и ios) на која ќе можам да ги следам содржините од МкФормула1 блогот и преку која ќе се стримуваат трките.
(Ако некој што не следи се нафати за вакво нешто нека не контактира, и ние сме заинтересирани!)
- Nagradni igri, prognozi
- Kako velite vistinata na prvo mesto, fanbojsite ba ignor
- Дали може фотографиите во галериите од трките да се во поголема ХД резолуција?
- Споредба на возачи и стил на возење.
- Povekje glasini za novite bolidi
- Ретро анализи за претходни сезони
- Малку повеќе механика, коментари на надградбите на тимовите
- Случувања и вести во врска со Ф1, нешто во врска уличниве трки (освен Монако) мислење дали треба да постојат во календар на тркање ако се занемари финасиската добивка.
- Navremeni informacii za vremenskiot raspored za narednata trka
МкФ1: Некои се лесно остварливи и веќе ги има, за останатите ќе се потрудиме најдобро што можеме!
ТВ vs Стрим
- Линкови за следење на трките, оти ние шо сме смртниците на А1 нема кај да гледаме :( (👌)
- Преноси од трките
- Линкови од снимки на веќе извозена трка, ако не сме во можност во живо да ја гледаме трката, да имаме линк од снимка
- Da se potrudite vas prenos nà mk
- Linkovi si reprizi na trkite
- F1 prenosi od trkite
- Стримови за трките
- Стримови
- Dobar stream
- Prenos so mk prevod
- Poveke strimovi za gledajnje
- Да се залага да гледаме на некоја телевизија директни преноси..
- Пренос на наша ТВ
- Prenos na mk tv so nas komentator
МкФ1: Се додека државава ќе толерира нелојална конкуренција, добар дел од фановите ќе им биде се потешко да најдат начин да гледаат Ф1 трки. Добар стрим вреди злато во денешно време!
ХАРДКОР ФАНОВИ
- По објективно информирање
- Објективност
- Fanovi na Ferari
- Objektivnost, da ne se faforizira samo eden tim.
- Objektivnost, nepristrasnost, navredi na neistomislenici, brisenje komentari....
- Da ne se brisat komentarite od strana na fanovite
- Nema odgovor na mnogu kritiki,i komentari.
- Помалку очигледна пристрасност
- Што нема? Да направите серијал од сите постови кај што јадете гомна за Хамилтон. Уште тоа Ви фали. Фетел* што стана прогресивен збор не кажавте за него ама за карчово му го испотевте.
(НАЈНОВА ВЕСТ: Ветел веќе не е дел од Формула 1)
- Фанови на Ред Бул
- Игнорирајте ги фанбојсчињата, болни луѓе
- Да сте неутрални во коментарите.
- Да биде неутрален, премногу навивачки се сите постови и навредливи за навивачите на Хамилтон
МкФ1: Заедничка поврзаност на повеќето коментари од овој тип е шампиончето - Луис Хамилтон. Од кога ја донесе политиката во Ф1 не вреди ни да се спомене, а не пак да се велича ваква личност. Добар возач, но нула карактер од човек кој не знае на кај тера во својот живот!!! Сите негови политички ставови и обележја кои ги носи биле, се и ќе бидат игнорирани од наша страна! И доста е за него му дадовме и повеќе простор од потребното!
ПРЕДЛОЗИ ЗА РАКОВОДСТВОТО НА Ф1
- Полабаво правила од аспект на број на пневматици, посебно во делот на тренинг сесии и спринт викенди
- Da nema obavezno 1 pit stop
ЗАНИМЛИВОСТИ
- Да се врати Гинтер Штајнер
- се сто не е врзано за f1
- Повеќе цицки (grid girls)
(УПСССССС, имаше еден и пореволуционерен предлог, кој не се осмеливме да го постираме.)
- Da se vrati Berni
- Не го следам ама би можело кратко објаснување на стазата и и мапа од стазата
- Да му се удри здрав ќотек на секој што го тупи за Хамилтон.
(Не баш, само треба да му се објасни и да се врати во реалноста. НУЛА насилство.)
Повеќе детали за овие анкетни прашања имате на страницата каде се сумирани анкетните резултати на следниот ЛИНК.
линк - ФОРМУЛА 1 - СИТЕ ПОВАЖНИ ДАТУМИ И ИНФОРМАЦИИ ЗА 2024 СЕЗОНАТА - линк
линк - 2023 АНКЕТА - Ф1 ФАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА (1) - линк
линк - 2023 АНКЕТА - Ф1 ФАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА (2) - линк
2023 АНКЕТА - Ф1 ФАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА (2)
1/28/2024 12:26:00 PM
0
Share to other apps