Кон крајот од месец јануари ќе ги сумираме резултатите од традиционалната анкета за македонските Ф1 фанови, со која ќе ставиме крај на изминатата 2023 Ф1 сезона. Имате уште малку време вашето мислење да биде дел од оваа анкета!
Во меѓувреме кратко како стојат работите во неколку најпопуларни категории од анкетата
НАЈДОБАР ВОЗАЧ
Во оваа номинација е понуден избор на сите возачи кои учествуваа во Ф1 шампионатот во изминатата сезона. Макс Ферстапен според голем процент на досега анкетираните Ф1 фанови, 64.5%, е на првото место за најдобар возач за 2023 година. Не остана незабележана и добрата година за Фернандо Алонсо, кој е на второ место, но со големо заостанување.
ОМИЛЕН ВОЗАЧ
Македонските фанови во 2020 година го подржаа успехот на Чарлс Леклер, во 2021 година, Макс Ферстапен беше на врвот на рангирањето по острата и неверојатна битка со Луис Хамилтон, а во 2022 година, Моначанецот од Ферари се врати во првата позиција, која засега ја одржува и на тековната анкета, 29.2%, но со мала шредност во однос на Макс Ферстапен на второ место со 22%. Дали може да има изненадување и промена на првото место?
НАЈДОБАР БОЛИД/ТИМ
Ред Бул имаше неверојатна сезона, без грешки или дефекти и речиси ништо не им остави на своите ривали. Моментално се убедливи и на ова анкетно прашање со 78.5%.
ОМИЛЕН ТИМ
Македонија е земја на Ферари. На анкетното прашање ги имате сите тимови од 2023 шампионатот, но Ферари убедливо и цврсто го држи врвот и покрај лошите резултати, 50.3%.
НАЈУБАВ БОЛИД
Омилениот тим мора да го има и најубавиот болид? Како и во изминатите години, болидот на Ферари, SF23, е убедливо на врвот, засега со 48.1%.

ГЛАСАЈТЕ ВО ШТО ПОГОЛЕМ БРОЈ!!!
АНКЕТА
АНКЕТА