Ова е денот кога вообичаено ги објавуваме нашиот избор во 7 категории, од најдобрите за 2023 сезоната, но и најголемото изненaдување и разочарување.
ОСКАР ПЈАСТРИ - ДЕБИТАНТ НА 2023 ГОДИНА
Тој ја започна својата Ф1 кариера неуспевајќи да ја заврши првата трка, но Австралиецот до крајот на сезоната се покажа како еден од најуспешните дебитанти во историјата на врвниот мотоспорт.
Очекувањата веќе беа големи по битката за неговите услугите меѓу тимовите на Алпин и Мекларен. Дебито на Австралиецот траеше само 13 круга на Големата Награда на Бахреин поради проблематичниот болид на Мекларен. Потоа продолжи да настапува скромно, во согласност со можностите на машината која ја вози.
Но, тој никогаш не беше "надигран" од искусниот тимски колега, Ландо Норис, а штом Мекларен го среди болидот по нивната надградба во Австрија, талентот на Пјастри блесна уште повеќе.
Тој го доби ажурираниот MCL60 во Силверстоун и се квалификуваше како трет, освојувајќи го четвртото место, и пропушти да се најде на подиумот само откако безбедносното возило го стави во неповолна положба.
После тоа, тој имаше силни перформанси во квалификациите, но како што истакна и самиот, тој мораше да работи на подобрување на тркачкото темпо, особено на неговите вештини за менаџирање на гумите.
Неговиот прв подиум дојде во Јапонија кога финишираше на третото место, а потоа следеше пласман на второто место во Катар, но најважниот момент остана неговата победа на Спринт трката во Лусаил, каде што го победи Макс Ферстапен.
Она што го направи Пјастри импресивен е неговата смиреност, и секој пат кога постигнуваше одличен резултат, неговите радио пораки до тимот се чинеше како да доаѓаат од искусен возач, а не Ф1 дебитант.
Талентот на Пјастри беше очигледен по неговите титули во Формула 3 и Формула 2, но кавгата помеѓу Мекларен и Алпин го стави во центарот на вниманието од погрешни причини.
Сепак, тој импресиониреше во својата дебитантска Ф1 сезона. Како резултат, ние немавме тешка задача во оваа категорија и најверојатно многумина од вас ќе се сложат со нашиот избор на Оскар Пјастри како дебитант на 2023 сезоната во Формула 1.
ФЕРНАНДО АЛОНСО - ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА СЕЗОНАТА
Убедливо најголемото изненадување во 2023 сезоната е Фернандо Алонсо, кој го оживеа тимот на Астон Мартин и му донесе 6 пласмани на победничкиот подиум.
Тимот отсекогаш ги изјавуваше своите намери да биде во првите редови на Ф1 од преземањето од Лоренс Строл, првично земајќи дизајнерска инспирација од болидите на Мерцедес АМГ, пред да преминат кон сопствен дизајн од 2022 година.
Доаѓањето на Фернандо Алонсо се покажа како полн погодок, со тоа што Шпанецот им овозможи да го почувствуваат победничкиот подиум. Вредноста и можностите на Алонсо беа потврдени и од резултатите на неговиот тимски колега, кој не е класа, но далеку е и од тоа да се нарече потпросечен возач.
МЕРЦЕДЕС АМГ - РАЗОЧАРУВАЊЕ НА СЕЗОНАТА
Како и изминатата сезона, истата грешка! По 8 последователни шампионски титули и огромен победнички менталитет, тимот втора година по ред не успева да го разбере однесувањето на својот болид. 2023 болидот ги имаше истите недостатоци како и својот претходник, па дури не успеа ни да забележи нити една Победа. Од тим како Мерцедес АМГ не го очекувавме ова, па заслужено се наше големо разочарување втора година по ред!
ГОДИНА БЕЗ ТРАНСФЕРИ
2023 сезона не донесе нити еден трансфер. Тимовите решија да бидат внимателни и конзервативни не преземајќи непотребни ризици. Бевме во дилема дали замената на Ник де Врис од страна на Даниел Рикиардо може да се смета како трансфер, но Австралиецот во двата случаи официјално е возач на Ред Бул.
ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ЌЕ ГИ ОБЈАВИМЕ И НАЈДОБРИТЕ ОД НАЈДОБРИТЕ
ГЛАСАЈТЕ ВО ШТО ПОГОЛЕМ БРОЈ!!!
АНКЕТА
АНКЕТА