Тимот на АлфаТаури, денес, објави видео на социјалните мрежи, во кое се потсетија на најсветлите моменти од нивната историја во изминатите четири години и официјално се збогуваа со брендот АлфаТаури.
Неколку часа подоцна, на социјалните мрежи на тимот од Фаенца се појави мистериозна фотографија, без никакво објаснување, на која се гледа бикот од логото на Ред Бул и три букви разделени со точка - B.RB.
Со голем степен на веројатност, оваа слика навестува ново име и корпоративни бои на тимот, но ќе бидеме трпеливи и ќе чекаме официјална потврда.
UPDATE 24.01.2024 Ред Бул официјално го објави преименувањето на АлфаТаури. Сега тимот од Фаенца се вика Visa Cash App RB Formula One Team. Како дел од соработката, логоата на Visa ќе се појавуваат не само на болидите на Visa Cash App RB, туку и на болидите на шампионскиот тим на Ред Бул.
Презентација на Visa Cash App RB е планирана за 8 Февруари во Лас Вегас, на која Даниел Рикиардо и Јуки Цунода ќе го претстават новото обојување на болидот и тимските бои.
Питер Баер, извршен директор на Visa Cash App RB: "Фантастично е да се воведе нов идентитет и да се дочекаат нови партнери во следната историска фаза за нашиот Формула 1 тим."
"За Фаенца започнува нова тркачка ера, но ние ќе останеме верни на нашите корени и ќе продолжиме да развиваме таленти, но сега ќе бидеме повеќе фокусирани на борбата за највисоките места во Формула 1."
"Имаме храбра визија за иднината на тимот, предводена од мене и тимскиот шеф, Лоран Мекис. Одлично е што компаниите фокусирани на иднината како Visa и Cash App учествуваат во нашиот проект."
АЛФАТАУРИ НАВЕСТИ НОВО ИМЕ И БОИ
1/23/2024 11:25:00 PM
0
Share to other apps