Големата Награда на Кина ќе се одржи овој викенд на интернационалната патека Шангај, на која Ф1 карванот се враќа по прв пат од 2019 година. Трката во 2019 година беше јубилејна 1000-та трка од почетокот на спортот во 1950 година.
Тото Волф: "Враќањето во Кина е важен момент за спортот. Како најголем автомобилски пазар во светот и втора најголема економија, Кина е од клучно значење за глобалниот отпечаток на спортот."
"Растот на Ф1 во последните години е позитивен и Кина е клучен пазар на кој може да се продолжи овој напредок. Со нетрпение очекуваме да се тркаме во Шангај за прв пат по пет години и да им ја вратиме Ф1 на кинеските фанови. Со очекувано распродадени билети, сигурен сум дека ќе биде фантастичен настан."
"Ќе биде интересен викенд, со нови болиди, нови гуми и промени на асфалтот од последната трка, значи ќе има многу непознати. Го имаме и првиот Спринт викенд годинава и тоа носи нови предизвици."
"Промените во форматот, ќе бидат подобрување на ритамот на викендот, а еден час тренинг сè уште врши притисок да се донесат правилни одлуки со несовршени информации."
"Сепак, со нетрпение го очекуваме тој тест. Постигнатите резултати не го покажуваат тоа, но постигнавме солиден напредок со нашиот болид во Јапонија. Со нетрпение очекуваме да го надградиме тоа овој викенд."
ПОВЗАНИ ЛИНКОВИ
2024 ГН КИНА - ШАНГАЈ (ДЕТАЛЕН ВРЕМЕНСКИ РАСПОРЕД)
(2019 ТРКА) ХАМИЛТОН И БОТАС ЗА 1-2 ПОБЕДА НА 1000 Ф1 ТРКА ЗА МЕРЦЕДЕС АМГ
(2019 КВАЛИФИКАЦИИ) БОТАС НА ПОЛ, ПРВ СТАРТЕН РЕД ЗА МЕРЦЕДЕС АМГ
ТОТО ВОЛФ - ЗБОР, ДВА ПРЕД ТРКАТА ВО КИНА
4/16/2024 12:03:00 PM
0
Share to other apps