Тото и Сузи Волф, брачна двојка од која едниот е тимски шеф на Мерцедес АМГ, а другиот извршен директор на Ф1 Академијата, се под официјална истрага на ФИА дека во последните две години имале пристап до доверливи информации за Формула 1. Истрагата е покрената по жалбите добиени од другите тимски шефови.
Неодамна, беше откриено дека Тото Волф имал пристап до доверливи информации на ФИА околу ограничените буџети на Формула 1 тимовите, бидејќи Шаила-Ан Рао, која му беше "десна рака" во Мерцедес Петронас, а потоа привремен генерален секретар на ФИА му ги доставила документите со сите детали. Документи до кои другите тимски шефови немаа пристап.
ЛИНК - ШПИОНОТ НА МЕРЦЕДЕС АМГ ОТПУШТЕН ОД ФИА- ЛИНК
Во најновата афера тимските шефови сугерираат дека Тото Волф има пристап до доверливи сознанија за активностите на ФОМ, за кој се сомневаат дека доаѓаат од неговата жена која како извршен директор на Ф1 Академијата добива добива информации преку канал кој не е достапен на тимските шефови.
Магазинот BusinessF1 наведува дека коментар на тимскиот шеф на Мерцедес АМГ на неодамнешниот состанок на челниците на тимовите бил причината што ги поттикнала сомнежите, бидејќи се темели на информации до кои има пристап само ФОМ.
Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулејем, одговори на овој потенцијален конфликт на интереси со отворање истрага преку Одделот за усогласеност на Меѓународната федерација.
"ФИА е свесна за медиумските шпекулации насочени кон тврдењето дека член на персоналот на ФОМ му предал доверливи информации на директорот на Ф1 тим. Одделот за усогласеност на ФИА го истражува случајот", се вели во соопштението на ФИА.
Ова е деликатен случај бидејќи не е само Тото Волф кој може да биде поврзан со овој вид доверливи информации. Неговата сопруга Сузи Волф е извршен директор на Ф1 Академијата, па постои уште еден начин на кој може да протече одредено знаење што може да го има само врвниот менаџмент на Формула 1.
ОФИЦИЈАЛНО: ФИА ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ТОТО И СУЗИ ВОЛФ
12/05/2023 08:36:00 PM
0
Share to other apps