Имаме уште неколку дена до почетокот на вториот дел од 2024 сезоната, во кој преостануваат уште десет трки, групирани во невообичаен разспоред од она што досега бевме навикнати да гледаме.
Нешто многу поразлично од форматот на трка на секои 15 дена на кој Берни Еклстоун нè навикна. Акцијата ќе се врати следниот викенд во Зандворт.
Трката за Големата Награда на Холандија, како и лани, ќе биде непосредно пред Големата Награда на Италија и потоа ќе имаме една недела одмор пред следната двојка на трки.
Големата Награда на Азербејџан која ќе биде проследена со Големата Награда на Сингапур во средината на септември.
Потоа ќе има тринеделна пауза, идентична како и летната пауза, но во овој случај нема да биде забранета работа во тимските фабрики. Во последно време, никогаш досега немало три викенди без трка во тој период од годината.
По три викенди без трка, повторно ќе ја видиме познатата американска тројка со Големите Награди на САД, Мексико и Бразил, иако растојанието во километри меѓу овие две последни патеки е прилично значително.
Кога ќе се одржи настанот на патеката Интерлагос, првиот викенд од ноември, повторно ќе имаме два викенда без трка.
Тие два викенда, најверојатно, имаат за цел да создадат повеќе возбуда за Големата Награда на Лас Вегас, која оваа година ќе се одржи една недела подоцна во споредба со лани.
Третата и последна американска трка е групирана со Катар и Абу Даби во тројка. Формула 1 карванот, веднаш по Лас Вегас ќе патува на Блискиот Исток за да ја затвори сезоната во декември.
Сумирано, оваа последна фаза од сезоната, составена од десет трки, е поделена во две двојки за почеток и ќе заврши со две тројки.
Ќе треба да се справиме со пауза слична на летната штом ќе влеземе во есен и да чекаме една недела подолго од вообичаеното за да го видиме второто издание на Големата Награда на Лас Вегас.
Либерти Медиа верува во многу поинаков формат на одржување на трките, во кој нема да има ниту една самостојна трка, освен една, а тоа ќе биде Големата Награда на Мајами во 2025 година.
Идејата за трка на секои 15 дена ја направи Формула 1 популарна во времето на Еклстоун, но новите сопственици сакаат да гледаат акција неколку недели по ред, испрекинати со подолги паузи отколку што сме навикнати.
ОСТАНАТИ ТРКИ ОД 2024 Ф1 КАЛЕНДАРОТ
- Големата Награда на Холандија (23-25 aвгуст)
- Големата Награда на Италија (30 август - 1 септември)
една недела пауза
- Големата Награда на Азербејџан (13-15 септември)
-Големата Награда на Сингапур (20-22 септември)
три недели пауза
- Големата Награда на САД (18-20 октомври)
- Големата Награда на Мексико Сити (25-27 октомври)
- Големата Награда на Сао Пауло (1-3 ноември)
две недели пауза
- Големата Награда на Лас Вегас (22-24 ноември)
- Големата Награда на Катар (29 ноември - 1 декември)
- Големата Награда на Абу Даби (6-8 декември)
ШТО ГО ПРИВЛЕЧЕ ВАШЕТО ВНИМАНИЕ ВО ИЗМИНАТИТЕ 6 МЕСЕЦИ:
- ЏОРЏ РАСЕЛ СО ВОНСЕРИСКА ПОБЕДА ЗА КОЈА ДОЛГО ЌЕ СЕ ПИШУВА
- МАМА МИА, ГРАНДЕ МАКС, ГРАНДЕ РБ20
- ЕМОЦИОНАЛНА ПОБЕДА ЗА ЛУИС ХАМИЛТОН
- КОНЕЧНО, ЧАРЛС ЛЕКЛЕР ПОБЕДНИК ВО МОНАКО
- ДЕБИ ПОБЕДА СО НЕПОТРЕБНИ КОНТРОВЕРЗИИ
ЗАВРШУВА ЛЕТНАТА ПАУЗА, ШТО НЕ ОЧЕКУВА ВО СЛЕДНИТЕ МЕСЕЦИ
8/18/2024 01:30:00 PM
0
Share to other apps